Култура
Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда

Со особена радост и благодарност кон Дародавецот Бог ве известуваме дека документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија на нашиот драг пријател и соработник г. Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија.
„Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција“ – рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн.
Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одвиваше во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три локации низ замокот се проектираа филмови, селектирани според соодветната историска епоха. Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание.
Пред проекцијата на филмот, како претставник од нашата монашка заедница, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од Рајчица. Во својот говор, таа меѓу другото рече:
„Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од Убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена.
Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите. Би сакала да кажам, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот. Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства“.
„Ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет. Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно“, напиша Каров во својата објава за проекцијата.
За 1000 години – Сведок на Светлината говореше и директорот на Фестивалот, г. Роман Шет. Во својата изјава тој потенцираше: „Овој филм има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на авторот да го портретира животот на илјадагодишниот Манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате филмот“.
Посебен осврт за нашиот документарен филм даде и членот на жири комисијата на Филмскиот фестивал, г. Ерик Кохлбауер: „1000 години – Сведок на Светлината е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да гледаме на нашиот фестивал. Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток.
Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и духовната порака полесно“.
Нашето монашко братство, предводено од Старецот Епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот г. Илија Ико Каров, на композиторот г. Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител, се вели во соопштението на Бигорски, кое ви го пренесуваме во целост, додека од нашата редакција упатуваме честитки за успесите!
Култура
Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.
На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.
Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.
Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.
На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.
На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.
Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.
Култура
(ФОТО) Нашиот заштитник Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“ беше посетен од голем број верници

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ и оваа слава беше посетен од голем број на верници на патрон празникот на Рождество на Мајката Божја.
Исто така недела ден беше посебен затоа што Манастирскиот кум Цане Ѓорѓијоски послужи манастирски ручек и изврши примопредавање на кумството на новиот кум, г-дин Димитрија Крпачоски.
Во прилог мал дел фотографии кои ги одбележаа овие празнични денови:
Култура
За многу години Рождество на Пресвета Богородица

Денес се одбележува Раѓањето на Пресвета Богородица – празник познат како Мала Богородица, кој припаѓа на редот на големите празници во црковната година.
Според преданието, Светата Дева Марија била родена од Јоаким и Ана, праведни и побожни луѓе од Назарет. Иако долго време немале пород, по повеќе од педесет години брак, Господ им ја подарил ќерката Марија – благослов кој се смета за плод на нивната вера и добродетелност.
Култот кон Богородица е длабоко вкоренет во духовноста на македонскиот народ. Многу храмови низ земјата се посветени токму на неа, а бројни преданија зборуваат за чудотворни икони со нејзиниот лик. Народната традиција го поврзува овој ден со обичаи што симболично го величаат животот и новото раѓање.
Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и породилките, па жените што очекуваат потомство ѝ се обраќаат со молитви за лесно раѓање, а таа им пружа утеха и на оние што немаат деца.
Веднаш по овој празник, на 22 септември, Црквата го чествува споменот на светите Јоаким и Ана – родителите на Пресветата Богородица.
-
Кичево1 ден
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
-
Кичево14 часа
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (10 октомври)
-
Временска прогноза13 часа
Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..
-
Македонија2 дена
На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола
-
Временска прогноза2 дена
Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито
-
Скопје13 часа
Скопје со четиридневен регионален настан „Startup Revolution Summit.ai“, визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција на едно место
-
Спорт3 часа
Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство