Временска прогноза
До петок екстремно топло, високи температури и УВ индекс 10 – ова се последните метео вести

Од денес (вторник), па се до петок 19.7.2024 во Македонија го очекуваме максимумот на овој екстремно топол бран од Африка, па така максималните дневни температури во Македонија речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие понекаде ќе достигнуваат и до околу 43 степени. Особено во Гевгелиско, како и во Демир Каписко температурата повремено би можела да се искачи и до близу 45 степени.
Тука се и тропските ноќи, и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде температурта во ноќните и во раните утрински часови нема да се спушта под 20 степени. Инаку во Скопје за време на овој максимум на екстремно топлиот бран од Африка максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 42 степени. И во делови од Скопската котлина очекуваме појава на тропски ноќи.
Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во четврток попладне, особено во планинските предели можна е појава на краткотрајна нестабилност.
Промена на времето очекуваме од петок попладне, кога ќе растат условите за развој на грмотевични облаци и за појава на локално невреме во Македонија.
Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат кога е најтопло (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево5 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Кичево2 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Кичево11 часа
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!