Кичево
„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно работно искуство во стопанството го преточија во успешна мисија, односно се впуштија во креирање на едно ново поглавје во осигурителниот бизнис. Претходните долгогодишни клиенти и соработници, упатуваат целосна поддршка за нејзина реализација.
Изберете ја компетентност на прво место, за ваше застапување пред осигурителните компании, како во поглед на склучување на договори за осигурување, така и при реализација на евентуални штети и креирање на нови осигурителни производи и услуги по ваша мерка.
Располагаат со своја подружница во Битола, а од неодамна и во нашиот град Кичево, ГАП Осигурување ви нуди брза услуга, подготвена да се справи со сите осигурителни предизвици.
Битола:

ГАП Осигирување – Битола
Канцеларијата во Кичево е во срцето на градот, односно на Булевар Ослободување бр.52, а таму ќе ве пречекаат вработени со широко познавање во својата фела, спремни веднаш да ви ги пружат најдобрите поволности.
Кичево:

ГАП Осигирување – Кичево
Официјални контакти:
Битола, Никола Тесла бр.34
е-пошта: [email protected]
телефон: 075 284 631
Кичево, Булевар Ослободување бр.52
е-пошта: [email protected]
телефон: 078 224 884
Кичево
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.
– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.
Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.
Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.
Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.
Кичево
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.
Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.
Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏
Кичево
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот
Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени
Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:
📞 072 304 091
🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.
-
Кичево23 часа
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево20 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Кичево4 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Спорт54 минути
(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“
-
Македонија5 часа
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“