Следете не

Спорт

А.П. Брера против Вардар, Струга ТЛ против Тиквеш, додека битолчани ќе ги бранат боите против Гостивар – извлечени ждреб натпреварите за новата 24/25 сезона во ПМФЛ

Објавено пред

на

Денеска во просториите на „Куќа на фудбалот“ беше одржан ждребот со кој беа одредени двојките за новата натпреварувачка сезона во Прва МФЛ.

Ждрепката за сезоната 2024 / 2025 одреди актуелниот првак Струга Трим Љум во првото коло да се соочи со Тиквеш на домашен терен.  Најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера. Во првата рунда од новата сезона во ПМФЛ ќе се сретнат уште Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – Воска Спорт и Работнички – Силекс.

Во продолжение ТУКА ќе може да го погледнете комплетниот распоред на натпреварите во Прва МФЛ за натпреварувачката 2024/2025 сезона.

Првото коло во рамките на Прва МФЛ на програмата е на 10 и 11 август, со почеток во 17. часот.

Спорт

Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Објавено пред

на

©porta.mk

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.

Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.

– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.

Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com

Прочитај повеќе...

Спорт

Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Liam McKay

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.

Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.

Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.

Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net

Прочитај повеќе...

Спорт

Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nathan Wong

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.

Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.

Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Мобилни уреди12 минути

„Samsung Galaxy S25“ водечки мобилен уред на глобалниот пазар на премиум смартфони

Од својата презентација на пазарот на почетокот од годинава, серијата „Samsung Galaxy S25“ се етаблира како водечки играч на глобалниот...

Временска прогноза1 час

Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови

Денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од Република Македонија. Државата ќе биде под влијание на...

Македонија2 часа

Денес во Штип, Македонската Армија одбележува 33 години од своето формирање, три децении исполнети со професионализам, посветеност и храброст

Денес, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, ќе се одржи централната прослава по повод 33-годишнината од формирањето на Армијата на...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за понеделник (18 август)

ОВЕН Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не...

Македонија15 часа

Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа

На 16.08.2025 во 18:16 часот во СВР Штип од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен Ш.М.Д.Х(22)...

Занимливости18 часа

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над...

Скопје21 час

Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (17 август)

ОВЕН Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста...

Македонија2 дена

„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!

Денес доцна попладне околу 17:30ч во водите на охридско езеро се случила вистинска драма. Имено како што известуваат за нашиот...

Временска прогноза2 дена

Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17...

НАЈЧИТАНИ