Македонија
ЦУК: Состојба со пожарите на отворен простор
Состојба со пожарите на отворен простор
ВКУПНО:40
ИЗГАСНАТИ:25
ПОД КОНТРОЛА: 6
АКТИВНИ ПОЖАРИ: 9
1. Општина Македонски Брод 1: с.Тажево – с.Брезница – Јасен (борова шума)
2. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина под контрола на Опш.Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);
3. Општина Чашка: с.Папрадиште – с.Ореше (млади насади од шума, ниска вегетација);
4. Општина Петровец: с.Градманци – Дивље (ниска вегетација);
5. Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода, м.в.Темна Бука (мешана ниска и висока вегетација);
6. Општина Кичево: с.Челопеци (дива депонија и ниска вегетација);
7. Општина Дебар: над с.Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (мешана шума);
8. Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација);
9. Општина Македонски Брод 2: с.Слатина (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА: 6
1. Општина Гевгелија: с.Негорци (нискостеблеста шума, прнар и борова шума);
2.Општина Кичево: с.Зајас – с.Бачишта (мешана шума);
3. Општина Кочани: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква (букова шума);
4. Општина Македонски Брод: с.Слатина (нискостеблеста вегетација);
5. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади) (деградирана шума);
6. Општина Делчево: Депонија Делчево (ѓубриште).
ИЗГАСНАТИ: 25
1. Општина Студеничани 1: м.в.Дрешница над с.Батинци (мешана шума);
2. Општина Студеничани 2: с.Рамни Габер – с.Вртекица (мешана шума);
3. Општина Студничани 3: с.Вражале (мешана шума);
4. Општина Студеничани 4: с.Долно Количани (ниска вегетација);
5. Општина Гази Баба 1: Ла тана Ресторан за свадби кај стрелиште Камник (ниска вегетација);
6. Општина Гази Баба 2: ул.Перо Наков, во близина на Кванташки пазар (ниска вегетација);
7. Општина Гази Баба 3: ул.Перо Наков (ниска вегетација);
8. Општина Гази Баба 4: с.Стајковци, кај фармата кон обиколница (ниска вегетација);
9. Општина Илинден: с.Ајватовци ниска вегетација);
10. Општина Арачиново: с.Арачиново (ниви);
11. Општина Чучер Сандево: с.Горно Блаце (ниска шума и сува трева);
12. Општина Прилеп: с.Лениште (ниска вегетација);
13. Општина Дојран и Богданци: с.Фурка кон Богданци (борова шума, ниска шума, прнар);
14. Општина Гостивар 1: с.Неготино (ѓубриште);
15. Општина Гостивар 2: гробишта Млаки (ниска вегетација);
16. Општина Берово: м.в.Шушлевац (ниска вегетација);
17. Општина Брвеница: с.Милетино (ѓубре и сува трева);
18. Општина Радовиш: с.Подареш – с.Јаргулица (нискостеблеста вегетација);
19.Општина Дебар: с.Бањиште (ниска вегетација);
20. Оптштина Куманово: с.Черкези – с.Романовце (стрниште);
21. Оптштина Крива Паланка: с.Конопница (борова шума, багрем и букова шума);
22. Општина Струга 1: с.Калишта (стрниште и ниска вегетација);
23. Општина Струга 2: с.Враништа (стрниште и ниска вегетаија);
24. Општина Струга 3: с.Велешта (ниска вегетација);
25. Општина Делчево: с.Полето (борова и нискостеблеста шума);
Македонија
Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет
На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово.
При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово.

Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години.
Возачот и мигрантите се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Македонија
Спречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”.
Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни случаи при извршена гранична контрола за влез во РСМ, кај три лица грчки државјани пронајдени и одземени се околу 200 патрони непријавена ловна муниција.
Во првиот случај околу 10:20 часот, при контрола во патничко моторно возило „дајхатсу териос“ со грчки национални ознаки управуванo од Х.С.(38), пронајдени се над 130 патрони (ловечка муниција) кои биле сокриени на повеќе места во возилото.
Исто така, околу 11:20 часот во патничко моторно возило “хонда” со грчки национални ознаки управуванo од K.K.(76) пронајдени се 24 патрони (ловечка муниција).
Во последниот случај околу 16:30 часот во патничко моторно возило “сузуки витара” управуванo од Т.P(62), пронајдени се над 40 патрони (ловечка муниција), соопшти МВР.
Македонија
Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.
-
Кичево20 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Спорт2 дена(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Хороскоп11 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Здравје и убавина2 дена„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Спорт2 денаМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
-
Здравје и убавина14 часаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
