Спорт
Стојчевски за репрезентацијата до 21 година: „Само со голема верба и борба на теренот можеме да се надеваме на позитивен резултат против Холандија“

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, утре во Алмере со почеток од 20. часот ја очекува дуел со Холандија во натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство, кое 2025 година ќе се одржи Словачка.
Нашите млади фудбалери вечерва во 20. часот на стадионот Јанмар, Алмере ќе го одработат последниот официјален тренинг пред утрешниот меч.
Еден од клучните играчи на генерацијата предводена од Драги Канатларовски, Андреј Стојчевски даде свој коментар и видување за претстојните предизвици на Македонија.
– Пред се утре е најбитно сите да бидеме здрави, физички и психички да бидеме подготвени за утрешниот предизвик. Не очекува тежок натпревар против силен противник и ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани во текот на сите 90 минути.
– Свесни сме за квалитетот со кој располага Холандија, репрезентација која е една од најдобрите во Европа, но свесни сме и за нашиот потенцијал кој треба и се надевам дека ќе го покажеме на утрешниот натпревар. Единствено со многу борба и голема верба во самите нас, можеме да се надеваме на позитивен резултат.
– Секој натпревар е различен, секој од нас што е дел од оваа репрезентација вклучувајќи ме и мене го дал максимумот и ќе продолжи да го дава, без разлика против кого играме. Успеавме да оствариме позитивни резултати на натпревари на кои се веруваше дека тоа не можеме да го направиме.
– Стартувавме многу добро во овие квалификации, но не успеавме да продолжиме во ист ритам. Многу често ни се случуваше пад на концентрација во клучни моменти, нешто што на крајот не чинеше многу бодови.
– Продолжуваме понатаму, нема предавање, пред нас се нови натпревари од квалификациите. Очекувам од сите нас максимална жртва, многу борба и трчање, а се со цел да се вратиме на победничките патеки како на почетокот на квалификациите.
– Секој треба да биде подготвен да го даде максимумот кога игра за Македонија, бидејќи не секој ја имаа таа прилика да бидел дел од репрезентацијата. Верувам и се надевам дека во следните четири меча ќе освоиме што е можно повеќе бодови, за што подобар пласман.
Младата репрезентација во септемврискиот период ќе одигра уште еден натпревар од квалификациите на гостински терен против селекцијата на Гибралтар, истакна ФФМ преку нивниот официјален медиум.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Македонија2 дена
Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Музика1 ден
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Свет2 дена
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија2 дена
„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила
-
Временска прогноза1 ден
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд