Спорт
(ВИДЕО) Не искористените шанси ја бетонираа Македонија, само реми против Ф.Острови во Торшавн

Македонската А репрезентација одигра само 1:1 на гостувањето против Фарски Острови од новото издание на Лига на нации. Енис Барди погоди од пенал, откако домаќините имаа предност по првите 45. минути. Пропуштивме три 100 процентни шанси за победа.
Во првото полувреме, Фарски Острови дојде до предност од 1:0 во 9. минута, откако по сомнителен прекршок на Иљазовски во казнетиот простор судијата досуди пенал. Најстрогата казна ја реализираше капитенот Давидсен.
Нашите фудбалери пропуштија одлична можност резултатски да се вратат во игра, откако во 19. минута Чурлинов не реализира од чиста позиција. Миовски одлично го проигра, а откако со лоб го мина и голманот, Чурлинов потоа шутираше во блокот на еден од домашните дефанзивци.
Во 37. минута од далечина се обиде Митровски, но повторно не ја погодивме мрежата на Фарски Острови.
Во второто полувреме, селекторот Милевски направи две замени на старот. Алиоски и Ќамили влегоа во игра.
На самиот старт од продолжението, Алими изнуди пенал за Македонија. Капитенот Енис Барди беше сигурен реализатор за израмнување на 1:1.
Во 57. минута, домашниот голман Рејнатрод му одбрани нов зицер на Чурлинов. Серафимов шутираше со глава, одбиената топка стигна до Чурлинов кој шутираше од прва, но голманот на Фарски Острови прекрасно интервенираше.
Пет минути подоцна се обиде и Бојан Миовски, но поуспешен повторно беше Рајнатрод.
Во 70. минута нова сто процентна шанса пропушта Македонија. Миовски одлично го проигра Ќамили, но напаѓачот од пет метри шутиташе над голот на Фарски Острови, известува ФФМ.
Првиот гол на домаќините:
Viljormur Davidsen scores from the spot!
Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/uGOesPAW4s
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Голот на Енис Барди исто од пенал за Македонија:
Enis Bardhi equalizer! Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/sBjs1igYka
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза3 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево20 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија10 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон