Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори УЕФА турнирот во Молдавија, додека женската репрезентација второ место на турнир во Италија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од Уефа развојниот турнир кој се одржува во Молдавија. Нашата селекција сосема заслужено се радуваше на триумф откако одигра добар натпревар и создаде многу можности за погодок.
Првата посериозна можност, Македонија ја имаше уште во 10. минута, Крстевски се најде очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да реализира за предност на нашите фудбалери. Во 24. минута, противникот постигна афтогол за предност на Македонија од 1:0. До крајот на првите 45. минути имавме можност да ја зголемите предноста, неискористувајќи неколку добри шанси за погодок.
Во продолжението, во 62. минута, Ерменија доаѓа до израмнување на резултатот. Во 81. минута, Алими пропушта нова добра можност за Македонија. Сепак во 86. минута, Павлов од белата точка постигнува погодок за предност и сосема заслужена победа на Македонија со 2:1.
Додека пак младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа две победи и еден пораз на меѓународниот турнир што се одржа во Италија во периодот од 11 до 15 септември. Во рамките на првото коло од турнирот, нашите млади фудбалерки во еден интересен и возбудлив натпревар забележаа победа со минимални 3:2.
Во вториот натпревар, против селекцијата на Албанија, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да издвојува нова победа со 6:4. Во последниот меч против домаќинот Италија, забележавме убедлив пораз со 3:0.
Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на меѓународниот турнир во Италија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Спорт1 ден
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (17 октомври)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (18 октомври)
-
Македонија2 дена
Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки
-
Македонија23 часа
Нов случај со измама за наводно случена сообраќајка, каде побарана била изнуда од висока сума на пари за итна операција
-
Временска прогноза1 ден
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²
-
Македонија1 ден
МВР: Во целост ја гарантираме безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократски „Локални избори 2025“