Следете не

Хороскоп

Хороскоп за среда (18 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

ЉУБОВ: Расположени сте за средба со личност која емотивно ве исполнува со убави мисли и позитивна енергија
РАБОТА: Секогаш постои лесен и тежок начин до успехот, поради тоа прифатете ја добрата идеја која ви ја предложуваат соработниците.
ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе позитивно расположение и самодоверба.

БИК

ЉУБОВ: Партнерот внимателно го анализира вашето однесување и често пати не го одобрува, но вие немате трпение да ги сослушате неговите забелешки.
РАБОТА: Нови случувања внесуваат промени во вашето окружување. Повеќето соработници реагираат на препознатлив начин и без видлива корист.
СОВЕТ: Добро ќе ви дојде релаксација или прошетка во природа.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Несогласувањето на партнерот кажува доволно за заедничкото расположение или за емотивното недоразбирање.
РАБОТА: Не го предвидувајте тоа што е неизвесно бидејќи порано или подоцна работите ќе почнат да се комплицираат, на ваша штета.
СОВЕТ: Обидете се да ги решите своите внатрешни конфликти.

РАК

ЉУБОВ: Нема потреба да измислувате изговори кои може да ве престават во погрешно светло пред блиската личност.
РАБОТА: Доколку неможете да остварите задоволително ниво во комуникацијата и преговорите со соработниците, посветете внимание на самосталните работи.
СОВЕТ: Обратете внимание на здравата исхрана.

ЛАВ

ЉУБОВ: Сочувајте ја самоконтролата, подобро е да не го провоцирате партнерот на взаемно докажување. Работите лесно може да излезат од контрола.
РАБОТА: Потребно е правилно да ги согледате различните аспекти на случувања на деловна сцена и својата улога или можност.
СОВЕТ: Обрнете внимание на правилна исхрана.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Вашата гордост избива на површина, а тоа претставува лош предзнак во однос со саканата личност. Неможете секогаш да ја наметнувате својата волја.
РАБОТА: Важно е да го направите она што е неизбежно во деловно – финансиската соработка, како и да ги почитувате основните правила.
СОВЕТ: Обидетесе правилно да ја контролирате својата креативна енергија.

ВАГА

ЉУБОВ: Обидете се да разберете нечија емотивна слабост или недостаток на храброст кои не ги исполнуваат вашите очекувања.
РАБОТА: Некој се обидува да ве увери во своите добри намери, но не постои ниту еден доказ за да го потврди тоа.
СОВЕТ: Избегнувајте конфликтвни ситуации и бидете внимателни во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

ЉУБОВ: Доколку сте незадоволни со емотивниот статус, превземете ги работите во своите раце. Не се двоумете да се соочите со тековните проблеми.
РАБОТА: Несакате да одговарате на нечии провокаторски прашања или да повторувате позната приказна. Ве следи лоша комуникација со соработниците
СОВЕТ: Планирајте излегување или некоја интересна стредба како поттик за добро расположение.

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Некој ве спречува да ги постигнете своите емотивни намери, но секогаш постои добро решение и заобиколен начин.
РАБОТА: Потребно е да превземете иницијатива и контрола во одлучувачките ситуации. Нема причина за сомневање во своите способности.
СОВЕТ: Смислете пријатна забава, добро ќе ви дојде релаксација

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Нема причина да се потпирате на лажна надеж. Сигурно е само тоа што е проверено.
РАБОТА: Контактирајте личност која има веродостојни информации за деловните можности. Потребни ви се нови критериуми.
СОВЕТ: Потребно е да ја подобрите концентрацијата

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Поради емотивната несигурност повремено делувате строго кон партнерот. Неможете да останете доследни на своите одлуки.
РАБОТА: Важно е да ја сочувате присебноста и да се однесувате во согласност со професионалните манири. Задржете ја внимателноста.
СОВЕТ: Обидете се да ја подобрите концентрацијата

РИБИ

ЉУБОВ: Важно е да ја сочувате емотивната усогласеност и доверба во саканата личност. Доколку сте слободни одговорете на нечиј повик.
РАБОТА: Сте направиле добра процена на можностите. Ги контролирате сите важни случувања кои влијаат на завршните резултети.
СОВЕТ: Се наоѓате во прекрасна психофизичка форма.

Хороскоп

Хороскоп за петок (11 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.

БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.

БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.

РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.

ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.

ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.

ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.

ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана

ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.

ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.

РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (10 јули)

Објавено пред

на

Овен
Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно.

Бик
Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски вложувања. Во љубовта, партнерот поради некоја причина мисли дека не го почитувате неговото мислење, па измазнете го тоа недоразбирање за да нема гнев. Денеска од партнерот ќе научите и една „вештина“ поврзана со разговор, која ќе можете да ја примените.

Близнаци
Денеска бидете позитивни, нема се да блесне на работа и важно е тоа да не ве обесхрабри следните денови. Можеби на партнерот ќе му кажете нешто што навистина не сте го мислеле и ќе мора да се извините, па подобро размислете пред да „излезе“. Внимавајте што јадете на топло, можни се стомачни проблеми.

Рак
Дневниот хороскоп предвидува дека некои ваши стари несигурности ќе излезат на површина, и ќе удрат по вашата самодоверба во важен момент. Спротивстави ѝ се, бидејќи те чекаат само добри работи и нема да направиш ништо лошо! Доколку не сте во врска, можно е да запознаете личност која е подготвена за авантура исто како вас!

Лав
Необичен ден за вашиот љубовен живот, како наеднаш да сфатите дека она што длабоко го сакате, и она по кое вашето срце копнее, не се иста работа. Денот ќе го поминете длабоко анализирајќи ги вашите чувства. Не занемарувајте се друго, бидејќи може да згрешите.

Девица
Дневниот хороскоп најавува дискусија на работа, затоа бидете подготвени. Веќе знаете што да кажете, но вашиот тон ќе биде многу поважен од суштината на оној од другата страна на масата. Во попладневните часови подгответе се да се опуштите и уживајте со партнерот за да го ослободите стресот.

Вага
Во љубовта конечно сте подготвени да ја оставите контролата и да дозволите другата личност да ја води вашата врска, а тоа ве радува. Добивате потврда дека сте избрале добар партнер, поврзана со некое важно животно прашање. На работа молчевте нешто што сакавте да го кажете, а што сега ве „јаде“ одвнатре, утре исправете ја таа грешка!

Шкорпија
Дневниот хороскоп предвидува и недостаток на самодоверба, но знајте дека изневерувате, правите се како што треба и нема потреба да се сомневате во себе. Тоа ќе значи друштво на луѓе кои ги споделуваат вашите вредности, било да се тоа стари пријатели или луѓе кои ги познавате само површно. Во љубовта ви се случува нешто возбудливо, тоа го чекате со месеци!

Стрелец
Во љубовта се отвораат нови можности, носат возбуда и авантура, токму она што ви треба! На работа сте искрени со сите и имате еден куп нови идеи, вашата енергија нема да остане незабележана. Можни се главоболки доколку поминувате премногу време на сонце.

Јарец
Дневниот хороскоп ве советува да ја преземете контролата врз љубовниот живот, бидејќи сега е време за големи одлуки! Дали треба да останете во врска која ви здодеа или да тргнете по нов пат и да видите каде ќе ве одведе? Искрениот разговор со личност на која и верувате ќе ви го даде одговорот на прашањето „што е следно“!

Водолија
Одличен ден за вас, исчезнува секој сомнеж во себе и правите потези во секоја сфера од животот. Има промена во љубовта по која сте копнееле, како конечно сè да „кликнало“ на своето место и се чувствувате подобро од било кога. Поминете време со членовите на семејството кои одамна не сте ги виделе, ќе уживате.

Риби
Дневниот хороскоп ве советува да се наметнете на работа, иако тоа не е во вашата природа, тоа е единствениот пат до подобро работно место. Не го игнорирајте она што ви го кажува срцето, а тоа е дека сте решени за подобри работи. Бидете храбри и заљубени денес и слободно флертувајте со личноста која ви се допаѓа, таа само го чека вашиот знак.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (9 јули)

Објавено пред

на

Овен 

Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку повнимателни за да го добиете она што го сакате. Во главно, ова ќе ви биде еден од чудните денови, едно ќе правите, а друго ќе мислите.

Бик

Денот ќе ви започнме со многу обврски. По завршувањето на тие обврски, вечерта поминете ја со партнерот и опуштете се, ќе ви биде потребно. Слободните Бикови нека го искористат времето за да поспијат час-два повеќе.

Близнаци

Утрото ќе го започнете со мало нерасположение, но до крајот на денот испијте релаксирачко кафе со пријателите и тие веднаш ќе ја подигнат вашата енергија и ќе го подобрат вашето расположение.

Рак

Денот започнете го со позитивни мисли, и тие позитивно ќе делуваат на вас. Внимавајте на своето здравје, можни се нарушувања поради алергии. Очекувајте повик од личност од странство.

Лав

Денот ќе го започнете со полна пареа и со многу енергија. Вишокот енергија што ќе ви остане после работното време, искористете го спортувајќи. Отидете на рутински преглед кај лекар.

Девица

Вашето семејство ќе биде прекрасно поради изненадувањата кои ги приредувате за нив. Добриот фамилијарен ручек ќе внесе насмевки и среќа во вашиот дом.

Вага

Денес е прекрасен ден за да го посветите на себеси. Вашите финансии денеска искористете ги за добра масажа или некаков козметички третман, вашето тело ќе ви биде благодарно.

Шкорпија

Убавиот ден искористете читајќи добра книга и уживајќи во времето поминато сами со себе. Остатокот од денот искористете го за чистење и освежување на вашиот дом. Можна е средба со некоја важна личност.

Стрелец

Лицемерните личности околу вас денес избегнувајте ги и ширете позитивна енергија на лицата кои го заслужуваат тоа. Можна е мала расправија со партнерот.

Јарец

Денес е вашиот ден!  Уште рано наутро ќе бидете преплавени со позитивна енергија. Опуштете се и мислете на убавите работи кои ве очекуваат и на изненадувањата кои ќе ви ги донесе овој ден.

Водолија

За поголема среќа во денот, започнете го со мал шопинг. Денешните обврски не ги оставајте за утре, без разлика ако треба да останете малку повеќе на вашето работно место.

Риби

Скоро за сѐ сте сигурни во себе, освен за една работа. Кога станува збор за љубовна врска вие се чувствувате прилично несгигурно. Можеби затоа што не знаете како да постапите. Добро размислете што сакате, пред да продолжите понатаму.

Фото: Maklay62

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили1 час

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle1 час

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин2 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија3 часа

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија18 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје19 часа

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија22 часа

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

Магазин1 ден

Овој скриен режим го забавува вашиот Android телефон – еве како да го исклучите и повторно да добиете брзина

Ако вашиот телефон стана бавен преку ноќ – апликациите се отвораат бавно, скролувањето „шкрипи“, а екранот реагира со доцнење –...

Магазин1 ден

YouTube најавува построги мерки против видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција

YouTube се подготвува да ги ажурира своите правила за да ја ограничи можноста на креаторите да монетизираат „неавтентична“ содржина –...

НАЈЧИТАНИ