Следете не

Спорт

ФФМ домаќин на првиот регионален семинар за фудбалска медицина

Објавено пред

на

©ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беше домаќин и организатор на првиот регионален семинар за фудбалска медиција „Нови трендови на спортски повреди и превенција“ одржан во Скопје во периодот од 25 до 27 октомври.

Тридневниот семинар понуди  единствена можност, медицинскиот персонал на националните фудбалски асоцијации од регионот (Македонија, Хрватска, Словенија, Албанија, Бугарија, Косово, Турција) и клупските доктори и физиотерапевти кои работат во македонските клубови да споделат искуства, најдобри практики и предизвици поврзани со најчестите медицински повреди во фудбалот и современите методи за нивна превенција и третман.

Семинарот поддржан од УЕФА преку претставниците од Комисијата за медицина Лука Алексиќ и Др. Томислав Влаховиќ понуди платформа за размена на знаења, иновативни истражувања и практични вештини, клучни за унапредување на спортската медицина и подобрување на атлетските перформанси и здравјето на фудбалерите.

Претседавачот на Комисијата за медицина во Фудбалската федерација на Македонија, Др. Невзат Јонузи во своето воведно обраќање ја нагласи важноста на собирот, обезбедување медицински услуги на високо ниво како врвен приоритет потенцирајќи ги клучните аспекти од собирот:

Семинарот ќе ја постигне целта доколку обезбеди ефективен форум за сите вас за унапредување на знаењето, истражувањето и технологијата во третманот на спортски повреди. Заедно, мораме да учиме од грешките од минатото, да ги прифатиме можностите на сегашноста и да ја обликуваме иднината што сите ја сакаме“.

„Фудбалот сега е повеќе од игра. Обезбедувањето медицински услуги на високо ниво е врвен приоритет, а перформансите и закрепнувањето на играчите зависат од високото научно ниво на поддршка што ја даваат искусни професионалци. Медицинската грижа стана толку сложена што едно лице не може да игра сам. Медицината стана тимска работа“.

„Ако не постигнувате голови, анализирате зошто и размислувате што треба да правите на тренинзите. Исто е и со повредите. Ако имате многу повреди, треба да погледнете зошто се случува тоа. Мора да ги слушаме гласовите на здравствените работници и лекарите.

Од мое и од име на Фудбалската федерација на Македонија упатувам благодарност за вашето присуство во Скопје и пораките кои ги упативте и за тоа што го споедливте Вашето ценето знаење во врска со најдобрите практики за дијагностицирање и справување со мускулно-скелетните повреди, кои се често застапени во фудбалот.

Др. Небојша Настов, главен доктор на македонската А репрезентација и неговиот колега од нашата селекција до 21 година, Др. Михајло Иваноски имаа свои предавања и учествуваа во панел дискусиите на семинарот заедно со останатите лекари, специјалисти по спортска медицина и медицински професионалци посветени на унапредување на здравствената заштита во фудбалот.

Сесиите ги водеа едни од најреномираните експерти во областа, Др. Матијаж Вогрин,специјалист по ортопедска хирургија од Словенија, Др. Бисер Бочев, специјалист ортопед и трауматолог од Бугарија, Др. Токер Беркин специјалист ортопед и трауматолог од Турција покривајќи теми како што се управување на критичните аспекти на здравјето на играчите, мускулните повреди, кардиоваскуларно здравје, рехабилитација на повреди и најнови иновации во технологијата за спортска медицина. Една од сесиите беше посветена на менталното здравје, а свое предавање имаше доктор Ѓеорге Калпак. Почитувани гости на семинарот беа и Др. Резард Халили од Косово и Др. Илви Беголи од Албанија.

Од особено значење беа практичните демонстрации и вежби за дијагностицирање и превенција од повреди при што учесниците можеа активно да се вклучат и да разменат искуства со колегите од регионот. Стекнатото знаење можеше да се провери низ работа во групи на четири одбрани случаи во кои дијагнозата и третманот ги даваа учесниците, а супервизори беа предавачите на семинарот.

Сите учесници добија сертификати за учество на семинарот, а посебни благодарниици беа доделени и на сите кои несебично се вклучија и го помогнаа неговото одржување кое е од огромно значење и по сугестија како на домашните, така и на гостите од странство се очекува да бидее на редовниот годишен распоред за медицински едукации на ФФМ, за јавноста истакнаа од Куќа на Фудбалот.

Спорт

Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!

Објавено пред

на

©porta.mk

ФК Напредок во досегашниот дел од првенството одигра 3 и оствари 3 одлични победи.

Уште една одлична фудбалска претстава на нашите фудбалери предводени од шефот на стручниот штаб Бобан Дујковиќ.

Овој пат надиграна беше екипата на ФК Скендебегу со резултат 4:1 (2:0).

Стрелци на головите беа: О.Исмаили 1:0 во 14′,Н.Калевски 2:0 во 33′,М.Котевски 3:0 во 55′,А.Османи 3:1 во 66′ и за конечни 4:1 А.Божиноски во 83′.

Благодарност до публиката која е присутна во сè поголем број.

Одиме напред

Прочитај повеќе...

Спорт

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

Објавено пред

на

©porta.mk

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври националниот тим ќе одигра два решавачки натпревари – прво гостувањето против Белгија во Гент, а потоа и средбата со Казахстан во Скопје, како најава за ноемвриската завршница на квалификацискиот циклус.

Селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи, без поголеми изненадувања. Поради повреди отпаднаа Лирим Ќамили и Димитар Митровски, додека во составот се враќа Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Милевски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија)

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија)

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија)

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија)

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци. Станува збор за техничка опрема која претходно беше во употреба во Федерацијата, а сега добива нова улога во образованието.

Оваа акција е усогласена со принципите на циркуларната економија што ги промовира УЕФА – Reduce, Reuse, Recycle, Recover – при што веќе користената опрема повторно се става во функција, обезбедувајќи им подобри можности за учење и дигитален развој на учениците.

Со вакви чекори се постигнуваат три цели: Заштита на животната средина преку намалување на електронскиот отпад, унапредување на наставниот процес преку подобра техничка поддршка и поттикнување на дигиталната писменост кај младите.

ФФМ е уверена дека малите дела носат големи промени. Заедно можеме да се грижиме за природата и за генерациите што доаѓаат – затоа што вистинската игра е за иднината!

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија14 минути

На територијата од СВР Охрид од почеток на годинава се евидентирани 1,086 санкции за управување возило без соодветна возачка дозвола

Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на...

Временска прогноза2 часа

Без дожд следува постепена стабилизација на времето, на утро ќе продолжи ладно и ветровито

Од денес (четврток 9 октомври па до недела 12 октомври) под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (9 октомври)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Хроника21 час

Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено

На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во...

Македонија21 час

Прилеп: Традицијата продолжува, на 11-ти октомври на „Авто слалом“, кичевчанецот Кристијан Бојоски во нов поход кон пиедесталот на награди!

Во сабота по повод „11-ти октомври“, Прилеп повторно ќе биде домаќин на Авто-слалом натпревар. Истиот е предвиден да започне од...

Фото: Charlie Deets @ unsplash Фото: Charlie Deets @ unsplash
Автомобили23 часа

Tesla воведува поевтини модели: Дали тоа ќе ја зголеми продажбата?

По официјалната презентација на новите поевтини модели, цената на акциите на Tesla падна. Иако компанијата конечно претстави попристапни верзии на...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин23 часа

Инсталацијата на Windows 11 станува сложена, потребни се интернет и сметка на Microsoft!

Microsoft целосно ги укина сите начини за инсталирање на Windows 11 без интернет-врска и сметка на Microsoft. Од сега, интернет...

Фото: Judy Beth Morris @ unsplash Фото: Judy Beth Morris @ unsplash
Lifestyle23 часа

Не ја потценувајте моќта на друштвените игри: Еве како тие им користат на децата и ги учат да бидат подобри луѓе

Друштвените игри често ги гледаме само како забава, но нивното влијание врз децата е многу подлабоко. Додека се смеат, ги...

Фото: Amanz @ unsplash Фото: Amanz @ unsplash
Магазин23 часа

5 телефони со најдобри звучници во 2025 година

Во 2025 година паметните телефони нудат звук што се приближува до квалитетот на наменски преносни звучници – од длабок бас...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин23 часа

Spotify воведува нови правила за музика со вештачка интелигенција и антиспам

Spotify објави нов сет на политики насочени кон музиката создадена со вештачка интелигенција (ВИ) и спречување на спам содржини на...

НАЈЧИТАНИ