Следете не

Кичево

Од денес официјално во Кичево за прв пат стартува со работа „Хотел за пневматици“, место каде уредно ќе се чуваат вашите летни или зимски гуми до сезонска промена!

Објавено пред

на

©porta.mk

Дали сте спремни да дознаете за нешто ново и корисно во нашиот град? Да! Од неодамна во Кичево во склоп на Авто пералната, која врши и вулканизерски услуги „D&D“ која се наоѓа на оваа локација ТУКА, покрај досегашните услуги (перење и хемиско чистење на автомобили вулканизерски работи) од денес започнува како услуга да го нуди на располагање својот т.н. „Хотел за пневматици“ (Сезонско складирање на вашите пневматици).

Имено, доколку вашите летни или зимски пневматици ви заземаат премногу простор во вашата гаража, дом, подрум или се чувани во несоодветни услови, тогаш во нивниот „Хотел за пневматици“ вашите пневматици или гуми и бандажи ќе бидат безбедно складирани, прописно под идеални услови додека не му се потребаат повторно на вашето возило.

И сигурно би се запрашале зошто да ги складирате таму?

✅ Максимална заштита: Правилно складирање за да се спречи оштетување и деформација. 
✅ Контролирани услови: Температура и влажност прилагодени за долг век на пневматиците.
✅ Брза достапност: Доаѓа момент за промена, вашите пневматици ќе бидат спремни во термин по ваш избор, вклучувајќи и промена на истите.
✅ Практичност: Без да се грижите за простор во вашиот дом, подрум, гаража или двор.

Дочекајте ја сезоната спремни, резервирајте го вашиот термин за промена на вашите пневматици, а воедно ослободете простор во вашиот дом. Оваа услуга ќе ви биде достапна по минимална сезонска цена, ваше е само да закажете промена на пневматици во нашиот сервис, а понатаму грижата за вашите пневматици е наша работа.

Контакт ☎️ на официјалните броеви: 071 378 805 и 071 254 215

Локацијата е добро позната, кај старо АМСМ, односно кај зградата од старо Електрично, или нека ве одведе вашата Google maps апликација токму до местото со кликнување ТУКА

Нашите пневматици го зазедоа своето место, побрзајте, бројот на места е ограничен!

Кичево

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Објавено пред

на

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица.

– Нашата екипа која даде и дронска поддршка во координација со ОВР Кичево, потесното семејство, претседателот на МЗ Белица и жителите од 7 наутро бевме вклучени во потрагата, која предмалку заврши среќно.

Баба Велјанка е пронајдена во селото, жива и здрава, но изнемоштена, веројатно има паднато од стрмнина, но службите допрва треба за таа констатација да утврдуваат.

Најбитно е што и оваа потрага заврши со среќен крај.

Од името на семејството и блиските, ја користиме оваа прилика да упатиме благодарност до сите кои беа таму и помагаа до самиот крај, како и ОВР Кичево и сите останати.

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Објавено пред

на

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат и сакаат да помогнат во потрагата по исчезнатата Велјанка Штерјоска, тоа да го направат утре.

Имено, собирот ќе се одржи утре (понеделник) во 7:00 часот наутро од пред црквата „Св. Ѓорѓија“ во Белица, потоа ќе се следат насоки и распоредување за трагањето.

Ви благодариме однапред за солидарноста и човечноста! 🙏

Прочитај повеќе...

Кичево

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Објавено пред

на

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу 9 часот

Висина: 155 см
Коса: кафена
Очи: кафени

Доколку имате било каква информација или сте ја виделе, веднаш јавете се на:

📞 072 304 091

🙏 Вашата помош е од огромна значење, истакнаа од МЗ Белица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за вторник (9 септември)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Музика9 часа

(ВИДЕО) Кичевчани во полн ефект до достигнувања на соништата, „Men Of Silver Soul“ на „Marbled In Stone“ ќе ви стане омилена веднаш!

„Marbled In Stone“ денес официјално ја претстави својата нова песна „Men Of Silver Soul“, проследена со моќен видео спот кој...

Македонија10 часа

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар,...

Спорт12 часа

(ФОТО) На пауза во Кичево, полека финишира 34-то издание на мото-рели „Независност Македонија 2025“

Со учество на повеќе од 300 мотоциклисти од Македонија и странство, во изминативе три дена се одржа 34-то издание на...

Кичево15 часа

Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава

Заврши подрагата по баба Велјанка Штерјоска која беше пријавена за исчезната од саботата на утро во кичевското село Белица. –...

Македонија17 часа

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (8 септември)

ОВЕН Доаѓаат големи промени, а начинот на кој ќе се поставите ќе влијае на тоа како ќе се одвиваат. Постои...

Кичево1 ден

Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка

Преку одборот на МЗ Белица се приклучуваме кон апелот за потрага, така што Ве повикуваме сите хумани луѓе кои можат...

Кичево1 ден

Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете

Апел за изгубено лице, Велјанка Штерјоска. Последен пат била видена пред својата куќа до црквата во Белица, вчера наутро, околу...

Кичево2 дена

Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!

Од најдобрите и најкреативни програми, овој пат ви го претставуваме новото, кичевско „Наше театарче“ – магично место каде што вашите...

НАЈЧИТАНИ