Скопје
Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот

На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „500“ и ул. „401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираа од МВР.
Скопје
Лишен од слобода скопјанец за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“, поднесена кривична пријава

На 21.08.2025 Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.
По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата “Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р.С.Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот, на 20.08.2025 година по добиена Наредба од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на дом и помошни простории, Наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за привремено одземање на компјутерски податоци, од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал беше извршен претрес во домот на Ф.М. (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.
Ф.М. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје за понатамошна постапка, истакна Министерството за внатрешни работи.
Скопје
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта, известува МВР.
Скопје
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Г. (59) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ од член 359 став 7 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Од април до август годинава, П.Г. примил награда од 10.000 евра за да интервенира со искористување на своето претпоставено влијание да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, односно наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје.
Сведок-пријавител во постапката е управител на правно лице, кој најпрво почнал да добива информации дека спротивната страна во судски спор врши сериозно влијание врз судиите кои одлучувале во првостепените и второстепените постапки, давајќи поткупи за да се донесат одлуки во нивна полза. Сакајќи да ги провери таквите информации, од свој познаник-пензиониран судија добил контакт од обвинетиот, кој му бил претставен како “лице кое ги познава состојбите во судовите и е близок со судии од Апелациониот суд Скопје”.
Сведокот и неговиот брат се сретнале со осомничениот, кој директно им побарал 16.000 евра за да се завршел спорот во корист на правното лице – семејната фирма на сведокот. Ги уверувал дека другата страна давала многу повисоки износи, но судиите не сакале да се нафатат за да пресудат нешто што не било правно основано.
Бидејќи сведокот му кажал дека не може да обезбеди толку пари наеднаш, се договориле за исплата на три рати. На 30 април, чувствувајќи дека нема друг избор, сведокот му дал на осомничениот 5000 евра.
Осомничениот го уверил да не се грижи за исходот, па целиот период биле во комуникација во врска со постапката. Во тој период сведокот решил да ја пријави трговијата со влијание и при следната исплата на 5000 евра, осомничениот е лишен од слобода веднаш по приемот на парите, информира МВР.
-
Временска прогноза2 дена
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 август)
-
Кичево1 час
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (28 август)
-
Спорт2 дена
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија
-
Временска прогноза1 ден
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо
-
Македонија1 ден
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР
-
Свет1 ден
Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет