Хроника
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за медиумите информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп24 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево10 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза24 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија6 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт24 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
