Временска прогноза
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
Попладнево во Македонија на повеќе места дува силен ветер, над 60/70 км/час. Особено во Битола истиот носи кровови, а има и паднати дрвја. Пред да не зафати ладниот бран оваа ноќ, попладнево во Македонија имавме речиси пролетни температури на неколку места, а најтопло беше во Битола со измерени дури 19 степени.
Од друга страна пак, речиси целиот регион е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран е се поблиску до нас, и во следните часови ќе започне да ја зафаќа нашата Македонија.
На повеќе места во регионот има минусни температури и појава на голомразица, информираше Славчо Попоски
АМСМ инфо предмалку:
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево1 ден(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп22 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево8 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза22 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Македонија5 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт22 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија23 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
