Временска прогноза
Најава за пообилни врнежи од дожд во западниот регион од државата

Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.
– Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен, а ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд

Во остатокот од оваа недела во Македонија ќе имаме многу топло време, тоа значи дека остануваме под влијание на многу топлата воздушна маса од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.
Сепак поради продор на малку поладен воздух од север на висина, во Македонија ќе имаме делумно дестабилизирање на атмосферата и попладневен развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели каде е можна и појава на краткотрајно невреме.
Во понеделник пак (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град. Во Скопје и околината исто така во понеделник попладне (18 август) ќе биде нестабилно и во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град.
Температурите како што кажав остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, во Повардарието пак температурите локално ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата исто така ќе надминува 35 степени.
Поради топлиот бран од Африка и многу високите температури на воздухот апелирам граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.
Временска прогноза
Македонија под Африкански топол бран, седмицата без најава за врнежи од дожд

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во Македонија продолжува стабилното, суво, сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен поравец.
Во Скопје и околината исто така времето и понатаму ќе биде стабилно, суво, многу топло и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе бидат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени а во Повардарието температурите ќе се искачат до околу 40 степени. И во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 40 степени.
Поради многу топлиот бран од Африка кој условува многу високи температури на воздухот апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.
Врнежи и понатаму нема на видик, што значи дека во текот на целата оваа недела ќе имаме суво и стабилно време насекаде во земјата, информира Славчо Попоски.
-
Кичево8 часа
За прв пат во Македонија и Кичево, од манастирската фарма на „Богородица Пречиста,“ свежо, органско кравјо млеко и сирење
-
Кичево3 часа
На „Стража“ предмалку се случила сообраќајка помеѓу мотор и автомобил
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија13 часа
Кај возач на возило, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Берово, била пронајдена дрога, возачот бил лишен од слобода
-
Временска прогноза2 дена
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Временска прогноза15 часа
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?
-
Македонија1 ден
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Култура12 часа
Денес се празнува „Откривањето и преносот на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“, еден од четирите празници посветени на овој светец.