Следете не

Занимливости

Новиот универзум е тука, зад аголот е откриена ѕвезда три пати потопла од Сонцето

Објавено пред

на

Новооткриената млада ѕвезда „ФУ Орионис“ е оддалечена околу 1.360 светлосни години од Земјата и е три пати потопла од површината на Сонцето, покажуваат податоците од телескопот Хабл. Всушност, областа каде што дискот што формира планета ја допира површината на новата ѕвезда FU Orionis достигнува 16.000 келвини, што е три пати потопло од површината на Сонцето. Астрономот Адолфо Карваљо од Институтот „Калтек“, заедно со своите колеги, верува дека областа околу ѕвездата е изненадувачки жешка.

– „Бидејќи прстенот од материјалот што брзо се врти околу ѕвездата всушност се трие на нејзината површина и создава потреси кои сјаат сто пати посилно од самата ѕвезда“, објаснува тој.

Судирот на млада ѕвезда и космички материјал создава многу непријатна средина која е премногу експлозивна и спречува планети, како што се Земјата или Марс, да се формираат околу неа.

„Капестите планети исчезнуваат или согоруваат во таква космичка печка“, вели Карваљо. Брилијантна, но чудна млада ѕвезда

Променливата ѕвезда „FU Orionis“ е една од најбизарните новоформирани ѕвезди. Како и повеќето други млади ѕвезди, таа е опкружена со блескав диск од гас и прашина што ќе почне да се „кондензира“ со текот на времето и од кој ќе се формираат нови планети, пренесува 021.rs

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника2 часа

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево2 часа

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт3 часа

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи5 часа

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

Македонија5 часа

(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење...

Кичево6 часа

Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа

Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме...

Временска прогноза7 часа

Ладно на утро со температури под нулата

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за петок (12 декември)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Кичево1 ден

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

НАЈЧИТАНИ