Временска прогноза
Влажен студен бран се ближи кон наша територија, ќе имаме нови врнежи од дожд утре и снег на планинските превои
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни денес (сабота) попладне и тоа во западните предели (локално од 15 до 20 литри воден талог на метар квадратен). На планините ќе има врнежи од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми.
Поради понатамошното заладување на времето, во недела попладне и навечер повремен снег ќе има и на повисоките места, особено во западните и во северните предели од Македонија, со надморска височина од, па и под 1000 метри. Не се исклучува можноста во споменатите предели слабо провејување на снег да има понекаде и во пониските места (градовите).
Утре (недела) попладне и навечер, како и во понеделник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 км/час).
Што се однесува до Скопскиот регион, ќе имаме слично време овој викенд, односно се очекуваат повремени врнежи од дожд, а особено во недела на околните планини, а доцна попладнето и вечерта и во повисоките предели од котлината ќе има услови за слаби врнежи од снег, кога повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие за време на овој викенд ќе бележат тенцендија на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа во недела навечер и ноќта кон понеделник, како и во понеделник наутро дополнително ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека на високите и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.
Значително постуден ден ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Апелирам доколку овој викенд се движите кон планинските превои, поради тоа што се очекуваат нови врнежи од снег, возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, односно да возат со намалена брзина, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
За зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде „Ла Ниња“ зима, односно на Пацификот е активен климатолошкиот ладен феномен „Ла Ниња“ па токму поради ова претстојната зима може да биде малку поладна само од последните неколку години, но не и најладна досега или зима на векот, таквата зима е далеку од нас.
Секако „Ла Ниња“ оваа сезона ќе придонесе за повеќе врнежи како од дожд така и од снег, тоа значи дека снегот оваа зима ќе биде почеста појава кај нас и очекувам поснежна зима со поголем број на снежни денови, особено во повисоките населени места, планините и на скијачките центри. Поради „Ла Ниња“, растат условите да се соочиме и со повремени поголеми студови кои би предизвикале да имаме исклучително ниски температури на воздухот, но тоа не е нешто што не се случило во нашата Македонија и ширум Балканот и секако нема место за никаква паника и ширење на истата.
Исто така, „Ла Ниња“ повторно оваа сезона ќе донесе снег и во Скопската котлина и широкиот дел од Скопскиот регион. Оваа сезона поголеми се условите за повеќе врнежи од снег и во Скопје и околината со повеќе денови со врнежи од снег.
Да напоменам дека сезонските метео анализи служат како резерва околу тоа како би се одвивале временските услови и развојот на временската состојба во Реублика Македонија. Секако истите не се во целост сигурни и поради тоа што се работи за долгорочно анализирање на времето промени во анализата секако дека се можни. Затоа граѓаните да ги следат моите секојдневни пократкорочни метео анализи кои се со голема веројатност за остварување, односно можност за остварување и за повеќе од 90 % сигурна метео анализа, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
До петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
Во Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер.
И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме нови врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од јужен правец.
Локално за време на овој влажен воздушен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 литри на метар квадратен дожд). Температурите пак ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево4 часаФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (7 ноември)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за сабота (8 ноември)
-
Култура1 денУтре е „Митровден“, се вели дека од денот започнува зимата. Честита домашна слава и именден до сите домаќини!
-
Македонија1 денСВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
-
Временска прогноза1 денОд денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
-
Македонија1 денЛишени од слобода пет лица поради сторени кривични дела за поткуп
-
Македонија1 денОд 15-ти ноември започнува законската одредба за поседување зимска опрема и зимски пневматици
