Временска прогноза
Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа

Во петок на 20 декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 декември територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран од север, и истиот е поврзан и со циклонска активност со центар над Средоземјето.
Во ваква ситуација ќе има нови пообилни врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места до околу, па и под 1000 метри, а во сабота понекаде и во пониските места, особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег. На планините ќе дојде до зголемување на постојаната снежна покривка, а снежна покривка ќе се формира и во повисоките места.
Помала снежна покривка можно е во сабота на 21 декември да се формира и во некои од градовите особено на западот и на северот од Македонија.
Што се однесува до Скопје и околината, исто така тие денови ќе има врнежи од дожд, а особено во сабота поради продор на ладен воздух од север, на околните планини ќе има врнежи од снег, а услови за повремен послаб снег ќе има и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста ретка појава на провејување на снег да се појави и во пониските предели од котлината.
Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика температурите значително да опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во Скопје до околу 4 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд на секаде во Македонија, локално ќе наврнат над 20 л/м²

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.
Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.
Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.
Во Скопје и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 16 степени, за јавноста истакна Славчо Попоски од Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток во текот на денот и во петок (16/17 октомври) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои локално и повремено ќе бидат пообилни па така за време на овој период локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.
Температурите во погоре споменатиот период повторно ќе бидат во опаѓање, особено максималните дневни температури на воздухот и тие повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени а во Скопје максимумот на температурата ќе се искачува до околу 13 степени.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Да напоменам дека поради продорот на поладен воздух од североисток и од исток, на највисоките планински врвови (над 2000 метри) во Македонија ќе има услови за повремен снег, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година

Ни започнува есента, според она што можам да го кажам за пртстојната есен 2025, според Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) не очекува динамична атмосфера над нашиот дел од Европскиот Континент. Тоа значи дека ни следува многу променлива есен, ќе има и почести врнежи од дожд и пониски температури на воздухот за разлика од изминатите години, сепак и порај ова не значи дека нема да имаме топли есенски денови со многу сонце.
Особено повеќе врнежи може да очекуваме во почетокот, како и во втората половина од есента.
Со оглед на тоа дека на Пацификот значително зајакна Ла Ниња (Ладниот Климатолошки феномен) и токму ова ќе трае во текот на оваа есен како и во зимските месеци, треба да очекуваме почести ладни продори од север, особено во втората половина од есента, а повремени ладни продори ќе имаме по се изгледа и во првата половина од есента. Со ова треба да очекуваме дека снегот оваа година може да ни присатигне порано, и тоа уште во ноември месец и во пониските предели, додека на планините снегот треба да го очекуваме уште во октомври месец.
НАПОМЕНА: Долгорочните анализи на времето се со помала веројатност за остварување во целост, тоа значи дека промени во анализата се можни, токму поради ова граѓаните да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со 90% па и повеќе од 90% со можност за остварување, за Порта.мк истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (19 октомври)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Без категорија2 дена
Неколку родителски работи, кои вашето дете ќе го направат посреќно
-
Македонија18 часа
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Социјални мрежи2 дена
„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“