Следете не

Спорт

Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање

Објавено пред

на

©ФФМ

Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.

Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.

Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.

Теми на работилницата беа:

Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:

Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура

.Прописи за финансиски извештаи и документи:

Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.

Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:

Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.

Презентација на системи за ревизија и контрола:

Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.

Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.

Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.

Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle1 час

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle1 час

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин1 час

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

Магазин1 час

Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се гаси по 15 години

LG – еден од некогаш водечките производители на паметни телефони со Android – ја завршува својата приказна по 15 години...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија15 часа

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин18 часа

Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

Македонија20 часа

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект...

Временска прогноза23 часа

Од денес во најава многу топло време со висок УВ индекс

Територијата на Република Македонија, како и на целиот регион, од денес (понеделник 30 јуни), па се до следниот понеделник (7...

Македонија23 часа

СВР Охрид со засилени контроли во патниот сообраќај, изречени низа санкции

На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај....

НАЈЧИТАНИ