Спорт
Со одлука на новоизбраниот претседател Омерагиќ, Ѓорѓи Христов назначен за технички директор во Фудбалската федерација на Македонија
Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ.
Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)…ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата. Ѓорѓи Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.
– „Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска. Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.
Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите. Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа. Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа.
Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резутат во иднина. Во тоа сум сигурен”, во завршница истакна Христов за јавноста преку Фудбалската федерација на Македонија.
Извор: ФФМ
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево5 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
