Следете не

Магазин

USB-C стана универзален полнач во Европската унија

Објавено пред

на

Од денес, USB-C конекторот е официјален заеднички стандард за полнење електронски уреди во Европската унија, објави Европската комисија на платформата X.

„Ова значи подобра технологија за полнење, помалку електронски отпад и полесно пронаоѓање на полначите што ви се потребни,“ напиша Комисијата.

Директивата за радио опрема, усвоена во 2022 година, има за цел да го намали електронскиот отпад и да овозможи купување поодржливи уреди. Новиот стандард за преносни уреди, USB-C, обезбедува брзо полнење и пренос на податоци, додека потрошувачите ќе имаат можност да изберат дали сакаат да купат полнач заедно со новиот уред.

Производителите на лаптопи ќе мора да ги почитуваат овие правила од 28 април 2026 година, наведува Euronews.

Заштита на животната средина и намалување на трошоците

Ана Кавацини, шефица на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите, изјави дека ова е „одлучувачки чекор кон придобивки за потрошувачите и одговорност кон животната средина.“

Новите правила ќе придонесат за намалување на тоните електронски отпад создаден од непотребни полначи и ќе заштедат околу 250 милиони евра годишно за домаќинствата во ЕУ.

Европскиот парламент соопшти дека „внимателно ќе го следи“ прилагодувањето на производителите кон овие промени.

Производителите прифаќаат нови стандарди

Иако производителите на електронски уреди долго време се спротивставуваа на стандардизацијата, технолошките гиганти, вклучително и Apple, почнаа да се усогласуваат со директивата. Apple, која првично ги оспоруваше правилата со загриженост за иновациите, веќе ги воведува USB-C конекторите во своите уреди.

Со оваа одлука, Европската унија поставува нови стандарди за одржливост и функционалност на електронските уреди.

Извор: N1Info

Хороскоп

Хороскоп за сабота (5 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.

БИК

Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.

БЛИЗНАЦИ

Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.

РАК

Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!

ЛАВ

Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.

ЈАРЕЦ

Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.

ВОДОЛИЈА

Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.

Прочитај повеќе...

Магазин

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Објавено пред

на

Фото: Blocks Fletcher @ unsplash

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат новиот модел. Во септември 2025 година се очекува Apple да го претстави Apple Watch Ultra 3 на својот традиционален есенски настан посветен на новите уреди. Преднарачките би требало да стартуваат веднаш по премиерата.

Кога се очекува лансирањето?

  • Apple Watch Ultra 3 најверојатно ќе биде претставен на есенскиот настан на Apple.

  • Преднарачките би биле достапни од септември 2025 година.

Што ново носи Apple Watch Ultra 3?

  • Подобрен екран: Се очекува новиот LTPO3 OLED екран, ист како кај Apple Watch Series 10, кој нуди поефикасен always-on режим и подобра видливост од различни агли.

  • Понизок трошок на енергија: LTPO3 технологијата овозможува поекономично користење на батеријата.

  • Побрз чипсет: Ultra 3 најверојатно ќе добие нов S10 или можеби сосема нов S11 чип со можни AI оптимизации за watchOS 26.

  • Подобрено мерење на здравствени параметри: Се очекува понапредно мерење на крвниот притисок.

  • Сателитска конекција: За испраќање и примање пораки дури и во подрачја без мобилен сигнал.

  • Поддршка за 5G: За побрза конекција и поголема сигурност во комуникацијата.

За кого е наменет Apple Watch Ultra 3?

  • За љубителите на активности на отворено кои бараат сигурна врска во секој момент.

  • За корисници кои сакаат врвен хардвер, прецизни здравствени сензори и издржливост.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Објавено пред

на

Фото: Chris Tweten @ unsplash

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини и свежи состојки, оваа салата ќе ве држи сити со часови, а притоа е едноставна за подготовка.

Потребни состојки:
• 250 г бело пилешко месо
• 100 г сланина
• 5 парчиња бисквити (исечени на коцки)
• 1 глава зелена салата
• 1 чаша кисела павлака
• Мајонез по вкус
• Маслиново масло за пржење
• 1 домат
• 1 чешне лук
• Сок од најмалку половина лимон
• Сол и бибер по вкус
• Рендан пармезан по вкус

Подготовка:
Пилешкото месо исечете го на коцки и пропржете го на маслиново масло додека не добие златна боја. Потоа во истиот сад кратко испржете ја ситно сечканата сланина и лукот.
Во голема чинија измешајте ја зелената салата со подготвеното пилешко месо, сланината, лукот и исечканиот домат.
Во посебен сад измешајте ја киселата павлака, мајонезот и сокот од лимон, па со добиениот дресинг прелијте ја салатата.
На крај, додадете ги испржените бисквити и наросете со рендан пармезан.

Совет: За уште побогат вкус, можете да додадете маслинки или варено јајце.

Оваа салата е одличен избор за оброк кој комбинира свежина, кремаст дресинг и крцкави елементи – идеално за летните денови или како лесна вечера.

Извор: Alo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд

Викендов во Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка....

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Магазин23 часа

Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега

Поминаа речиси две години од лансирањето на првиот Apple Watch Ultra, а љубителите на паметни часовници со нетрпение го очекуваат...

Автомобили23 часа

Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал,...

Lifestyle24 часа

Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови

Цезар салатата е еден од најпопуларните оброци за оние што сакаат лесен, но заситувачки ручек или вечера. Богата со протеини...

Македонија1 ден

Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко,...

Спорт1 ден

Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа...

Временска прогноза1 ден

Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски

На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ,...

Македонија1 ден

Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат  А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (4 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ