Кичево
(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите
Во Кичево денес на прв ден од Новата 2025 година во ЈЗУ Општата Болница – Кичево се роди женско бебе.

Најсреќната мајка Мерита од с.Преглово кичевско на свет донесе свое четврто дете, родено во 17:35ч, со тежина 2800 грама, долго 47 сантиметри, АС 10/10, за нашиот медиум истакна неуморната Директорка, Гинеколог Акушер Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која беше секако дел и својата работа ја одработи професионално.

Во знак на почит према родилката, Д-р Цветановска-Трајкоска врачи мал поклон.
Имено, од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки, да е живо и здраво новороденчето. И една голема благодарност од сите нас кои на дело сме го виделе ангажманот на гинеколошко-акушерското одделение и целиот тим кои ја работат најблагородната работа на свет, воедно и голема обврска, а тие се чесни, образовани, максимално внимателни доктори, сестри и заслужуваат секаква почит и внимание како од граѓаните така и од институциите и локалната самоуправа!
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
Македонија1 денМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија1 денДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Временска прогноза1 денНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски
-
Спорт1 денВисоки признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
-
Скопје1 денСкопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
-
Спорт17 часаЈувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот






