Магазин
Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред.
Телефоните станаа незаменлив дел од нашите животи, па не е изненадување што многумина се обидуваат да го продолжат нивниот век. Сепак, како и секој технолошки уред, телефоните имаат свој „датум на истекување.“ Ако се прашувате дали вашиот уред е пред крај, следниве знаци ќе ви помогнат да донесете правилна одлука.
1. Телефонот е значително побавен
Ако вашиот телефон забавува при отворање апликации, често замрзнува или не реагира брзо, тоа е јасен показател дека неговите перформанси се намалуваат. Софтверските барања на новите апликации постојано растат, па постарите уреди не можат да ги задоволат овие стандарди.
2. Батеријата се троши многу брзо
Еден од најчестите проблеми со старите телефони е слабата батерија. Ако вашиот телефон мора да се полни неколку пати дневно и не издржува до крајот на денот, капацитетот на батеријата е значително намален. Иако замената на батеријата е можност, ако и другите компоненти се истрошени, подобро е да инвестирате во нов модел.
3. Не можете да инсталирате нови апликации или ажурирања
Ако вашиот телефон повеќе не ги поддржува најновите апликации или софтверски ажурирања, ризикувате да останете без важни безбедносни надградби и нови функции. Ова е силен сигнал дека е време за промена.
4. Телефонот е физички оштетен
Пукнатини на екранот, нефункционални копчиња или оштетена куќишта можат значително да влијаат на користењето на уредот. Иако малите оштетувања не се секогаш критични, поголемите проблеми може да го направат телефонот помалку употреблив.
5. Компонентите не работат правилно
Ако камерата, звучникот, микрофонот или сензорите не функционираат како што треба, а поправката е скапа, размислете за купување нов уред. Овие компоненти се клучни за секојдневната употреба, а нивното нефункционирање го намалува квалитетот на телефонот.
6. Имате потреба од нови функции
Со брзиот напредок на технологијата, новите телефони нудат подобри карактеристики како 5G конекции, напредни камери, екрани со повисока стапка на освежување и понапредни безбедносни опции. Ако ви недостасуваат вакви функции, можеби е време за надградба.
Заклучок:
Кога телефонот ќе почне да покажува знаци на стареење, понекогаш е поисплатливо да купите нов уред отколку да вложувате во поправки. Обрнете внимание на овие шест показатели и донесете одлука која најмногу одговара на вашите потреби.
Извор: Informer
Хороскоп
Месечен Хороскоп (септември 2025)

ОВЕН
Вашата посветеност на работата на крај ќе се исплати. Може да очекувате поволен период на ова поле. Јавно покажувате интересирање кон личноста која ви се допаѓа. Наскоро ве очекува почеток на врска. Потребна ви е масажа.
БИК
Ве очекува помош околу проблемите на работа кои не успеавте да ги решите сами. Пред вас е период кој носи добри промени. Задоволни сте од ситуацијата која ја имате со саканата личност и убаво ви е. Се чувствувате добро и немате проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате дека ќе успеете да остварите подобрување на заработката. Нови можности ви се отвораат сега. Подготвени сте да се впуштите во нова врска. Ве очекува поволен период за заљубување и романтика. Се чувствувате многу добро во своја кожа.
РАК
Судските прашања кои останаа неразрешени може да ги довршите во наредниот период и тоа во своја корист. Пред вас е период кој може да донесе компликации на емотивно поле. Водете сметка за комуникацијата. Потребна ви е физичка активност.
ЛАВ
Имате многу деловни обврски денес, па затоа е важно да се организирате за да успеете сѐ да завршите навреме. Немате поголеми грижи околу односот со саканата личност. Убаво функционирате и задоволни сте. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Може да очекувате дека ќе бидете задоволни со резултатот од случувањата во текот на денешниот ден. Саканата личност пријатно ќе ве изненади. Може да очекувате добар период за љубов. Внесувајте течности и витамини.
ВАГА
Успешно ќе ги решите проблемите кои ги имавте на деловно поле. Може да очекувате дека ќе имате многу среќа. Доколку сте слободни, ова поволен ден за запознавање нова личност. Можни се помали проблеми со бешиката.
ШКОРПИЈА
Ве очекува поволен ден за завршување на деловни обврски. Бидете одговорни околу својата работа. Нова љубовна врска ве очекува многу набргу. Личноста која ви се допаѓа ќе покаже дека сака врска. Одлично се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ
Пред вас е период кој може да ви донесе нова деловна соработка со која ќе бидете многу задоволни. Иако постојат одредени работи околу кои не се сложувате со саканата личност, може да најдете компромис. Здравјето е добро.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате промени на околностите на работа овој период. Саканата личност полека ја губи довербата во вас и често се расправате. Врската ви влегува во сериозна криза. Имате проблеми со варењето.
ВОДОЛИЈА
Конечно ќе остварите добри деловни цели. Пред вас е многу поволен период за ова поле. Можеби сте подготвени за нова љубов. Конечно ставивте точка на врската од минатото. Потребна ви е масажа.
РИБИ
Заедно со своите соработници остварувате добра атмосфера на деловно поле. Преку кругот на пријатели ќе остварите ново емотивно познанство кое може да прерасне во врска. Без поголеми проблеми со здравјето.
Мобилни уреди
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите

На 29 август 2025 година, WhatsApp соопшти дека затворил сериозен безбедносен пропуст, кој овозможувал хакирање на „iPhone“ и „Mac“ уреди без никаква акција од страна на корисникот (т.н. „zero-click“ напад).
Според компанијата, проблемот бил евидентиран како CVE-2025-5517 и произлегувал од недоволна проверка при „синхронизација на пораки со поврзани уреди“ во самата апликација.
Оваа ранливост можела да се комбинира со уште еден безбедносен пропуст – CVE-2025-43300, кој бил поврзан со основната библиотека за обработка на слики на Apple и кој веќе бил претходно закрпен од компанијата.
Преку комбинација на овие две слабости, напаѓачот имал можност да натера уредот да процесира содржина од злонамерен URL без никакво кликање од страна на жртвата, што доведувало до целосно компромитирање на системот.
Иако точниот број погодени корисници не е познат, WhatsApp наведе дека веројатно станува збор за помалку од 200 лица глобално.
Според анализите на Безбедносната лабораторија при Амнести Интернешнл, можно е меѓу целите да имало активисти, членови на невладини организации и претставници на граѓанскиот сектор, а нападите можеле да ги засегнат и iOS и Android уреди.
Како мерка на претпазливост, WhatsApp апелира сите корисници да ја надградат апликацијата – за iOS верзија 2.25.21.73 или понова (за WhatsApp и Business), а за Mac – верзија 2.25.21.78.
Дополнително, компанијата препорачува фабричко ресетирање на уредите, со цел целосно отстранување на можни траги од нападот, иако закрпата веќе е имплементирана.
Покрај тоа, корисниците се советуваат да ги ажурираат и самите оперативни системи iOS и macOS, бидејќи Apple исто така објави безбедносни надградби поврзани со CVE-2025-43300.
Извор: WhatsApp Security Advisories / whatsapp.com
Хороскоп
Хороскоп за недела (31 август)

ОВЕН
Оваа недела ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви се допаѓа долго време. Направете напор да му угодите на вашиот партнер, доколку сте во врска. Не ви е лесно да направите се сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Вие сте преосетливи и малку напнати.
БИК
Оваа недела треба повеќе да се опуштите. Вие сте комуникативни и склони кон флертување. Можете да направите многу работи и лесно да стекнете нови познанства. За слободните, на кратко патување, можен е некаков контакт со интересна личност. Оние во врска, работете на комуникација со вашиот партнер.
БЛИЗНАЦИ
На работа ќе бидете многу задоволни. Се ви оди полесно од вообичаеното. Женска личност може да ви помогне. Енергични сте и брзо доаѓате до идеи. Што се однесува до љубовта, можни се нови познанства преку пријатели. Оние во врска, најдобро би било да се фокусирате на обврските, но не дозволувајте партнерот да биде запоставен.
РАК
Се чувствувате одлично. Ништо не ви е тешко да завршите на работа. Многу е важно да не трошите премногу пари за работи што навистина не ви се потребни. Бидете поштедливи. Што се однесува до љубовта, добро би било да разговарате со партнерот за се што ве мачи. Ако сте слободни, можно е ново интересно познанство. Не враќајте се на старите љубови. Бидете подготвени да се заљубите во нова личност, бидејќи имате одлични аспекти за љубовта.
ЛАВ
Оваа недела ќе се чувствувате многу подобро отколку порано. Не ви е лесно да постигнете се затоа што повеќе би сакале да се одморите. Конечно ќе имате добри резултати на работа, и ќе бидете задоволни од приливот на пари. Ако сте во врска, не ја занемарувајте саканата личност, не можете секогаш да бидете на прво место. Треба да обрнете внимание на некој друг. Ако сте слободни, некој кој е многу сличен со вас може да ви го привлече вниманието.
ДЕВИЦА
Се чувствувате одлично и многу сте комуникативни. Бидете вредни и колегите на работа ќе го ценат вашиот напор. Не се чувствуваш многу добро. Бидете отворени за некоја нова љубовна приказна. Можни се нови познанства преку пријатели или Интернет. Ако сте зафатени, изненадете ја саканата личност со убав гест.
ВАГА
Не ви е лесно да се справите со сите обврски. Бидете упорни и не се откажувајте. Ќе имате помош од жена. Се ќе ви успее на работа. Што се однесува до љубовта, не влегувајте во дискусии со саканата личност бидејќи е можно и двајцата да бидете напнати во текот на неделата. Ако сте слободни, можеби ќе ви се допадне некој што ќе го запознаете на необичен начин.
ШКОРПИЈА
Многу сте романтични. Работите напорно за вашата сакана и не ви е тешко да направите се за неа. Многу е лесно да постигнете резултати. Бидете отворени за некоја нова можност за да можете да напредувате. Дајте го максимумот и обидете се да се фокусирате на реализација на идејата. Не дозволувајте никој да ве исфрли од чекор и да ви го наруши мирот.
СТРЕЛЕЦ
Вие сте под стрес. Не постои начин да се добијат добри резултати. Обидете се да не се нервирате за деталите. Погледнете ја поголемата слика. Сега не е време за позајмување пари. Што се однесува до љубовта, направете се како што сте замислиле. Без разлика дали сте слободни или зафатени, немате проблем кога станува збор за љубовта.
ЈАРЕЦ
Се чувствувате одлично. Обидете се да ги завршите сите обврски на време и не одложувајте ништо за друг ден. Можни се дискусии со саканата личност, а тоа може да се случи поради љубомора или пари. Можете да избегнете сцени. Ако сте слободни, сигурно ќе запознаете личност која е многу динамична и забавна.
ВОДОЛИЈА
Сеуште не е идеален период за љубов. Сепак, има многу настани, па затоа треба да ги искористите, доколку сте слободни, за ново познанство или почеток на нова врска. Ако сте зафатени, подобро би било да почекате до втората половина од неделата кога ситуацијата ќе биде забележително помирна и да разговарате за некои важни работи со вашиот партнер. Не ви е лесно да постигнете одлични резултати. Соработниците можат да ви дадат добар совет или да ве поддржат во вашите планови.
РИБИ
Најдобро би било доколку се потрудите да направите некои промени на работа. Не чекајте другите да го сторат тоа за вас. Се обидувате да го дадете својот максимум, а приливот на пари ќе се зголеми. Што се однесува до љубовта, се оди како што сте замислиле и вие сте многу романтични и подготвени за љубов. Ако сте зафатени, покажете ги своите емоции на партнерот.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Во близина на с.Зајас кичевско, тешко товарно возило излетало од коловоз
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево10 часа
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Временска прогноза1 ден
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Хороскоп5 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Скопје1 ден
Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката, девет полициски службеници завршија на токсикологија
-
Спорт1 ден
Германија ја запиша третата последователна победа на Европското првенство, совладувајќи ја убедливо Литванија
-
Автомобили16 часа
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар