Магазин
Пет нови игри на Steam кои можеби сте ги пропуштиле

На Steam дневно се појавуваат десетици нови игри, а нивната бројност често го прави тешко да се следат најинтересните изданија. За да ви го олесниме изборот, составивме список на пет возбудливи наслови кои вреди да ги разгледате оваа недела.
1. S4U: Citypunk 2011 и Love Punch
- Датум на издавање: 9 јануари
- Развоен тим: U0U Games
Оваа наративна игра базирана на текст ве враќа во 2011 година, преку уникатно искуство на измислен компјутерски десктоп. Играчите ја следат приказната на Мики, архитект кој управува со прашања и задачи во своето биро. Покрај професионалните активности, ќе комуницирате со софтвер, ќе решавате лични дилеми и ќе се запознавате со луѓе. Играта плени со ретро визуелниот стил, кој го доловува духот на еден поинаков свет.
2. Reviver
- Датум на издавање: 9 јануари
- Развоен тим: Cotton Game
Оваа наративна игра со загатки има рачно нацртана графика и го следи односот на Карлос и Фелисија. Со над 50 уникатни загатки, играчите имаат моќ да влијаат врз приказната со своите одлуки. Reviver доаѓа од тимот што го разви Sunset Hills, познат по атмосферски игри со силни наративни елементи.
3. Remastered Freedom Wars
- Датум на издавање: 10 јануари
- Развоен тим: Dimps Corporation
Популарниот Freedom Wars, првично објавен за PlayStation Vita во 2014 година, се враќа во ремастерирана верзија. Овој акционен RPG комбинира елементи на Monster Hunter и God Eater, со нагласок на научно-фантастичниот амбиент. Новата верзија нуди подобрена графика, порафинирана механика и дополнителни опции за тежина.
4. Sea Fantasy
- Датум на издавање: 7 јануари
- Развоен тим: Метасла
Sea Fantasy е 16-битен RPG кој се фокусира на драматичен риболов. Играчите истражуваат отворен свет, бараат идеални локации за риболов и решаваат загатки во зандани. Покрај тоа, изработуваат риболовни прачки и се соочуваат со апокалиптични закани во светот на играта.
5. Cursed Digicam
- Датум на издавање: 10 јануари
- Развоен тим: Chilla’s Art
Познатиот тим Chilla’s Art носи нов хорор наслов што може да се заврши во едно седење. Како што сугерира името, играчите користат „проколната дигитална камера“ за да фотографираат духови од чудни веб-страници. И покрај мирниот концепт, играта создава интензивна хорор атмосфера со мистериозни елементи.
Извор: PcGamer
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија22 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија22 часа
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет6 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди