Македонија
(ВО ЖИВО) „2S Студио“ по девети пат утре ќе го пренесува големиот празничен спектакл во Охрид по повод „Богојавление Водици 2025“

Се ѐ спремно за најголемиот православен спектакл во Охрид „Богојавление Водици“. Традицинално по девети пат, тимот на Livestream.mk предводен од професионалецот Стојан Стојановски ќе врши пренос во живо од Охрид за сите кои не можат да присуствуваат, овој пат со повеќе опрема, емитување во живо од најразлични агли, за оние кои неможат да си дозволат да присуствуваат, тука е „2S Studio“ за истиот да го доближи токму до вашите мали екрани.
Како што истакнаа за нашиот медиум, планирано е преносот да започне во 8:30ч, кој ќе биде емитуван на Јутјуб Каналот на 2С Студио, Фејсбук фан Страните на Стојан Стојановски и останатите.
Ние и оваа година даваме максимална поддршка за работата на нашите пријатели од 2С.
За многу години!
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза4 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево21 час
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Македонија11 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон