Временска прогноза
Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион

Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.
Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина и кичевскиот регион.
Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.
Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.
И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.
Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Македонија1 ден
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Скопје2 дена
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје21 час
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија1 ден
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден