Следете не

Магазин

Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања

Објавено пред

на

Microsoft без многу помпа објави бесплатна верзија на Microsoft Office, овозможувајќи им на корисниците да ја преземат и инсталираат на своите компјутери без потреба од купување или претплата. Сепак, оваа верзија доаѓа со одредени ограничувања, вклучува реклами и бара користење на OneDrive за зачувување на датотеки.

Како да ја преземете бесплатната верзија на Office?

Според извештајот на Beebom, корисниците можат да го преземат инсталаторот на Office од официјалната веб-страница на Microsoft. За време на процесот на инсталација, кога ќе се побара најавување на сметка, потребно е да се избере “Skip for now” за да се активира оваа скриена бесплатна верзија.

Оваа верзија вклучува основни апликации како што се Word, Excel и PowerPoint, но некои напредни функции не се достапни. Исто така, корисниците не можат да зачувуваат датотеки директно на својот компјутер, туку мора да користат OneDrive. Бесплатната верзија на Microsoft Office е достапна само за Windows системите.

Ограничувања на бесплатната верзија

Иако оваа верзија на Office е бесплатна, доаѓа со реклами. На десната страна на екранот ќе се појавуваат рекламни банери кои не можат да се отстранат или сокријат. Покрај тоа, на секои неколку часа автоматски ќе се репродуцираат видео реклами од 15 секунди.

Според тестирањето на PCWorld, оваа верзија не работи на сите компјутери. Microsoft потврди дека моментално оваа верзија е во фаза на тестирање и дека не планира официјално да ја лансира како трајно достапна опција.

Дали постои подобар начин да се користи Office бесплатно?

Да! Microsoft веќе нуди бесплатна веб-верзија на Office. Корисниците можат да се најават со својата Microsoft сметка и да ги користат Word, Excel и PowerPoint преку веб-прелистувач. Сепак, ова бара постојана интернет-конекција и можни се повремени прекини во работата.

Извор: Benchmark

Хороскоп

Хороскоп за вторник (16 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.

БИК

Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.

РАК

Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.

ВАГА

Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.

ШКОРПИЈА

Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.

СТРЕЛЕЦ

Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.

ЈАРЕЦ

Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.

ВОДОЛИЈА

Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.

РИБИ

Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Единствен рецепт за појак имунитет

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jenny Hill

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот.

Според него, клучот е во ладната вода. Како тоа делува?

Секој ден наполнете када со ладна, па дури и ледена вода, и потопете ги стапалата за 10–15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Оваа процедура се повторува секоја вечер пред спиење.

Доколку сте подложни на вируси, настинка или кашлица, се препорачува да ја практикувате и почесто — на секои четири часа. Според Бубновски, контактот со ладна вода не само што не ја загрозува здравствената состојба, туку, напротив, го подобрува општото здравје.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (15 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Потребна ви е прошетка.

БИК

Имате многу работа и не ви е лесно да ги завршите обврските сами. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците. Пред вас е период во кој ќе может да дојде до разочарување на емоционално поле. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате генерално поволен ден во кој ќе успеете да решите важни проблеми на деловно поле. Доколку сте слободни, пред вас е многу одличен период за нови љубовни случувања. Можни се проблеми со забите.

РАК

Постојат некои околности кои ве кочат да напредувате. Ќе имате многу проблеми во наредниот период. Ве очекува возбудливо познанство со личност која ќе потврди дека има емоции кон вас. Одмарајте што повеќе.

ЛАВ

Може да добиете можност да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати. Поволен ден за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис. Зголемете го внесувањето на течности.

ДЕВИЦА

Потребно ви е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите деловните цели кои ги имате. Ви изгледа дека сте влегле во монотона фаза и тоа не ви се допаѓа. Потребни ви се промени во врската. Не се замарајте.

ВАГА

По драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која конечно доаѓа до смирување на ситуацијата. Ќе бидете среќни покрај личноста која ви се допаѓа. Пред вас е поволен период за љубов. Низок притисок.

ШКОРПИЈА

Можеби моментално некои работи не се по ваша волја и не сте задоволни од деловната ситуација. На некој начин сте збунети и прилично тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас. Можен е пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Не сте сигурни дали треба да останете на ова работно место. Се премислувате околу важни одлуки и промени. Ќе запознаете интересна личност која ќе посака врска на долга стаза. Таа ќе ви возврати на емоциите. Проблеми со дишните патишта.

ЈАРЕЦ

Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време за размислување. Доколку сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате зголемување на семејството. Нагласени проблеми со органите за варење.

ВОДОЛИЈА

Компликациите кои успеавте да ги надминете на деловно поле ве направија посилни и поискусни. Разочарани сте бидејќи од саканата личност не го добивте она кое ви е потребно. Емоциите во се во минусна фаза. Проблеми поради замор.

РИБИ

Многу тежок ден ве очекува. Пред вас е фаза во која ќе имате деловни проблеми и компликации. Исклучително сте загрижени за работата и тоа влијае врз вашата комуникација со саканата личност. Не е поволен период за вашето здравје.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп21 минута

Хороскоп за вторник (16 септември)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Македонија10 часа

Од ноќеска цените на горивата се намалуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит,...

Скопје10 часа

(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот,...

Здравје и убавина11 часа

Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот. Според...

Временска прогноза14 часа

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (15 септември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Спорт1 ден

(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн

Apple официјално објави дека iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26, macOS 26 и visionOS 26 ќе излезат од бета и...

Фото: Clint Patterson @ unsplash Фото: Clint Patterson @ unsplash
Магазин1 ден

Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…

Microsoft официјално ги потсети корисниците за крајот на поддршката за Windows 10. Компанијата објави дека на 14 октомври 2025 година...

Спорт2 дена

„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за...

НАЈЧИТАНИ