Спорт
Македонската футсал репрезентација започнува со подготовки за квалификации за ЕП, играме дома против Холандија, пет дена подоцна со Андора во гости

Македонската футсал репрезентација на 7 и 12 март ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство. Дома во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе ја пречека селекцијата на Холандија (7. март, 19:00 часот), а пет дена подоцна гостува во Андора против домашната футсал репрезентација.
Селекторот Васко Скендеровски за двете квалификациски пресметки ќе смета на следните играчи:
ГОЛМАНИ:ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект), СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца), СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)
ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца), БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект), ЗИБЕРИ Садат (Порде Ноне, Италија), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Форца), ДИМКОВ Виктор (КМФ Осогово)
НАПАД: ИСМАИЛИ Таулант (КМФ Форца), ЈАНЕВ Бојан (КМФ Проект), РАМАДАНИ Јакуп (ФЦ Приштина, Косово), РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца), ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово), СЕФЕРИ Еркан (ФЦ Приштина, Косово), ПЕЕВ Лазар (КМФ Бутел)
ПИКЕРИ: КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца)
Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора. Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“

Пред вечерашниот пријателски дуел во Прага против Саудиска Арабија, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го сподели своето мислење за значењето на натпреварот и очекувањата пред квалификацискиот пресмет со Лихтенштајн.
Елмас беше дециден дека ваквите натпревари се далеку од формалност:
– „За мене и за целата репрезентација пријателски средби не постојат. Секој натпревар е важен тест за тоа колку сме подготвени и што треба да подобриме. Саудиска Арабија е сериозен противник, добро ги анализиравме нивните настапи и знаеме дека мора да бидеме максимално концентрирани. Овој дуел доаѓа во вистински момент. Ќе ни помогне да влеземе во вистински ритам пред натпреварот со Лихтенштајн. Се чувствувам подготвен и мотивиран, бидејќи по подолго време повторно ќе бидам дел од меч со голема тежина.“
Елмас посочи и на клучните карактеристики на денешниот ривал: „Саудиска Арабија игра со многу посед и знае добро да ја контролира топката. За нас тоа значи дека ќе мора да реагираме брзо и дисциплинирано. Сепак, ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.
Секој настап за Македонија ми е дополнителен мотив. Верувам дека оваа средба ќе ни донесе многу искуство и позитивна енергија за она што следува.“
Извор: ФФМ
Спорт
КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од вистинска спортска приказна. Во тек се уписи за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, а ова е идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.
Нашата мисија е преку спортот да создадеме силни личности, вистински другарства и да им помогнеме на младите да ја развијат својата љубов кон кошарката, за Порта.мк истакнаа искусните тренери.
Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?
- Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
- Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
- Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.
Твојот прв кош е само почеток – со нас ќе ги поставиш темелите на својата спортска иднина!
📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:
- 075/525-774 – Војне Савески
- 078/424-238 – Александар Димитров
🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!
Спорт
ФФМ реализира рекордна донација на спортска опрема за дечиња од младинските екипи низ Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска спроведе најголема досега донација на спортска опрема наменета за младинските екипи што се натпреваруваат во рамките на системот на ФФМ. Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, како и од Втората и Третата младинска лига, добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци) и дополнително по 30 фудбалски топки.
На свеченото доделување, што се одржа во „Куќа на фудбалот“, присуствуваа претставници на клубовите, а чест да ги поздрават имаа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, кои испратија порака за понатамошна поддршка и заеднички развој на младинскиот фудбал.
Со оваа донација опфатени се 1.848 млади фудбалери, а нејзината вкупна вредност изнесува околу 150.000 евра, средства целосно обезбедени од ФФМ.
Повеќе за ова ќе најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија)
-
Кичево17 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Спорт2 дена
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Социјални мрежи2 дена
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси