Хроника
Србија во шок: По кратко боледување денеска почина директорот на „Гранд продукција“ – Саша Поповиќ
Со неискажлива тага ја информираме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Во текот на неговата децениска работа, тој беше визионер и посветен професионалец.
– „Преку музиката и телевизијата откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живееше“, велат од Гранд продукција.
Саша Поповиќ бил и семеен човек, сопруг и татко. Во бракот со Сузана ги одгледа Александра и Даниел, велат тие.
Неговата харизма, неуморната работа и страста за музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага“. Неговото наследство ќе живее преку сите кои имаа привилегија да работат со него и низ сите чии животи ги допре. Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат објавени подоцна, се наведува во соопштението на веб-страницата на Гранд продукција.
Сочувство!
Хроника
Д-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, информира Основното јавно обвинителство Прилеп.
Според првичните информации, несреќата се случила при обид за претекнување, кога дошло до судир меѓу две возила што се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едното возило.
На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за собирање траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испитува дали имал присуство на алкохол или други психоактивни супстанции.
Од обвинителството нагласуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно утврдување на причините за тешката несреќа во која животот го загубија две лица, а петмина се здобија со сериозни повреди.
Д-р Ненад Лазаров ТУКА на социјалните мрежи објави дека бил сведок на трагичниот настан, каде своевремено и помагал. За јавноста тој истакна и упати порака за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи она што го видел и бил сведок – не го видел за својата 15 годишна кариера како Доктор.
Сите молитви се кон останатите учесници во сообраќајката, да останат живи и здрави.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево1 денД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Хроника2 часаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Lifestyle2 денаКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин2 денаGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин2 денаXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
-
Магазин2 денаAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
