Магазин
Apple ќе им овозможи на родителите да го ограничат користењето на апликациите на децата

Apple воведува нови безбедносни функции за деца
Apple најави дека ќе воведе нови функции за безбедност на децата, вклучувајќи можност родителите да поставуваат детски сметки и да ограничуваат пристап до апликации врз основа на возраста на нивните деца.
Компанијата ќе воведе родителски пристап до App Store, кој ќе им овозможи на родителите подобра контрола врз апликациите што ги користат нивните деца.
Meta, Snap и X ги повикаа другите платформи да воведат системи за верификација на возраста на ниво на оперативен систем и продавница за апликации. Apple, исто така, лобираше за воведување ограничувања соодветни на возраста, но останува претпазлив во врска со ова прашање.
Промена во политиката на Apple
Досега, Apple никогаш целосно не ја потврдуваше возраста на корисниците, бидејќи тоа ќе бараше споделување на чувствителни лични податоци. Сепак, со новата функција, компанијата прави промена во својата политика.
Системот нема да бара потврда за точноста на датумот на раѓање, но ќе им овозможи на родителите да ја споделат возрастa на детето со програмерите, доколку изберат да го сторат тоа.
Како ќе функционира новата функција?
- Програмерите ќе можат да бараат возрасни групи преку нов API, кој според Apple, нуди заштита на приватноста додека обезбедува релевантни информации за развивачите.
- Новата функција ќе овозможи ограничување на пристапот до одредени апликации врз основа на возраста на детето.
- Apple нагласува дека ова е првиот чекор во новата политика за подобрување на безбедноста на малолетните корисници.
Воведувањето на новата функција се очекува подоцна оваа година.
Извор: The Verge
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (18 август)

ОВЕН
Транзитите укажуваат на можност да упаднете во конфликт со најблиските. Кризата внатре во семејството може да потрае ако не се потрудите да превземете конкретни чекори, макар и да би биле непријатни по вас. Не заборавајте дека тие не ви се непријатели.
БИК
Овој викенд можна неочекувана семејна напнатост и тоа најверојатно поради финансии. Регирајте трпеливо и не влегувајте во расправи затоа што решението доаѓа побрзо отколку што очекувате. Во текот на поплатнето ви пристигнува вест за прилив на пари на кои не сте се надевале.
БЛИЗНАЦИ
Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте на жртва но на дното на душата чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте си се при срце ако целта е повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.
РАК
Имате променливо расположение и сте склони кон нервоза особено во односот со партнерот. Внимавајте какви обврски прифаќате затоа што не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на се или ништо, во клучен миг ќе бидете поразени.
ЛАВ
Се што знаете е дека ви е потребна промена. Услови за патување немате а тоа е она кое моментално би ви помогнало. Не упаѓајте во мрачно расположение, нештата се одвиваат баш онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.
ДЕВИЦА
Ве притискаат роковите. Вашите квалитети се ставени во прашање затоа што сте премногу спори. Брзањето ве става во тензија особено кога е во прашање извршувањето на нешто кое по ваше мислење е доста важно. Не подлегнувајте на атмосферата, држете се до своето темпо и се ќе протече во најдобар ред.
ВАГА
Сега е вистинскиот миг за вас. Коцките полека се сложуваат една над друга, нештата се решаваат сами од себе. Пријатно сте изненадени затоа што не сте очекувале таков благослов од небото. Нека не ве занесе моменталниот резултат затоа што тој не дојде со ваше залагање туку беше пресуден факторот на среќата.
ШКОРПИЈА
Чувствувате дека некој се обидува да ве загрози. Победата е можна со голема борба доколку бидете истрајни. Многу од вас во овој период на работа ќе почувствуваат зголемена тензија која е резултат на промени кои се на повидок, а над кои немате никаква контрола.
СТРЕЛЕЦ
Уморни сте од темпото кое ве притиска. Неопходен ви е одмор. Ќе сакате да поминувате мигови опкружени со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она кое би ве подигнално. Мислите дека е невозможно а заборавате дека и немањето е избор.
ЈАРЕЦ
Пред вас е посебна деловна понуда која многу сте ја посакувале но сега и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од саканата лличност, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм ќе се изборите кон победа.
ВОДОЛИЈА
Цело ваше внимание е насочено кон проблематичната ситуација која се одвива во кругот на вашето семејство. До кулминација може да дојде затоа што аспектите на небото најавуваат неодложни и присилни промени. Не бегајте од проблемите, одлучно тргнете во пресрет на промените.
РИБИ
Не сте доволно упорни, пребрзо се откажување. Имате чувство дека никој не ве разбира и не ја забележува вашата жртва, за која верувате дека е преголема. Лошото чувство моментално нерасположение поради кое правите потези поради кои подоцна ќе се каете.
Хороскоп
Хороскоп за недела (17 август)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (16 август)

Овен (21.03 – 20.04)
Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате чувство дека нешто убаво се приближува кон вас, но не можете да ги најдете точните зборови за да го опишете тоа претчувство. Не си ни обидувајте. Дозволете позитивните емоции да завладеат со вас. Добро ќе ви дојде каква било физичка активност, па не се затворајте дома.
Рак (22.06 – 22.07)
Вие секогаш брзате да стигнете до целта со најмал број на потези, но денес нема да можете да стигнете до успехот по пократкиот пат. Ќе треба да вложите многу повеќе труд од вообичаено. Сепак, тоа не треба да ве разочарува. На крајот повторно ќе видите дека трудот се исплати. Отстранете ги вашите нереални очекувања.
Лав (23.07 – 22.08)
Неколку обврски нема да ви дозволат релаксирано да го започнете денот, но затоа пак ќе надоместите со опуштена вечер во која вашите желби ќе бидат на прво место. Во хармонија сте со себеси и тоа доаѓа од добрата комуникација со околината. Егото ви е нахрането и имате многу среќни моменти.
Девица (23.08 – 22.09)
Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и сe ќе дојде во вистинско време. Не размислувајте само на негативните работи, сфатете дека во животот има и нешто позитивно.
Вага (23.09 – 22.10)
Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не одете таму каде што не сте повикани и не го правете она што не е од вас побарано. Правилата и обичаите се темел за здрави односи па затоа придржувајте се до нив ако сакате квалитетен однос со другите луѓе, особено на ден како што е овој. Ќе откриете како насмевката и топлиот збор подобро делуваат од негодувањето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Енергијата на денот е топла и разумна што прилично ќе одговара на вашиот карактер. Пронајдете начин како посилно да се поврзете со своите пријатели и драги лица. Покажете им на лицата околу вас колку тие ви значат.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес е уште еден одличен ден за вас. Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Денес би можело да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете.
Водолија (21.01 – 19.02)
Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба. Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски.
Риби (20.02 – 20.03)
Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Разумно распределувајте ги парите.
-
Временска прогноза1 ден
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (17 август)
-
Македонија1 ден
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Скопје1 ден
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје
-
Скопје11 часа
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија5 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Занимливости8 часа
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата