Хроника
(ВИДЕО) Директорка на кочанската болница: „Дел од починатите се малолетни, без лична карта, нивната идентификација е тешка“
Предмалку директорката на Општата болница Кочани, Д-р Кристина Серафимова даде изјава за медиумите, каде истакна страшни детали од незапамтената трагедија во дискотека во Кочани, каде според првичните информации загинати се повеќе од 50 лица.
Во изјавата за медиумите директорката Серафимова истакна дека медицинскиот персонал бил мобилизиран веднаш по пријавата, односно за 30 минути сите вработени биле на работа. На помош пристапиле и доктори и возила од соседните градови и Скопје.
– На новинарско прашање таа одговори дека починатите лица се на возраст од 14 до 24/25 години, а нивната идентификација е особено тешка за оние лица кои не поседувале важечка лична карта.
Во продолжение проследете го прилогот во живо, од колегите на ТВ21.
Имено предмалку дознаваме дека сопственикот на кобната дискотека бил приведен.
Според сведоштвата, од пиротехниката или запалливите прскалки се запалила декоративна завеса поставена на кровот, а потоа и цела кровна конструкција. Паднал и таванот, додека присутните се обиделе да се евакуираат.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Хроника
Едногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
На 23.11.2025 во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.
Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, за медиумите утрово соопшти портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
– На одделот за детски болести при нашата Општа Болница вчера околу 22ч е донесено 20-месечно бебе, во многу тешка здравствена состојба. Во агонија, во мнолентност, со централна и периферна цијаноза. Веднаш по приемот дежурниот лекар ги направил сите потребни тераписки модалитети што можат да се дадат, направена е реанимација, меѓутоа за жал бебето по кратко време починало во одделението, за медиумите истакна директорката на Општата Болница, г-ѓа Маја Цветановска-Трајкоска
-
Кичево18 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево22 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево11 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хороскоп9 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Временска прогноза2 денаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Македонија2 денаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
