Хроника
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
Истакнатиот безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од трагедијата во Кочани денес сепак беше забележано нарушување на основниот кодекс за почитување на приватноста на погодените, направен од Владата на РМ, ССНМ и ЗНМ.
Домашните медиуми, главно го почитуваа договорот со исклучок на неколку отстапки и се придржуваа до насоките и информираа коректно како што се вели во соопштението, но неколку странски медиуми се обидоа да привлечат гледачи и читатели на најнепримерен начин со пренесување во живо на платформата јутјуб и останатите социјални мрежи.
ССНМ уште еднаш ги замоли претставниците на медиумите, и во следните денови на жалост, да ја остваруваат својата основната улога, да информираат, но да бидат внимателни со чувствата на граѓаните и да ги почитуваат етичките кодекси.
- Од она што народот, нас и останатите медиуми ги згрози е преносот во живо на јутјуб канал кој броеше над 9 милиони следбеници и покрај апелот на Владата, ЗНМ, ССНМ и останатите – истиот лајв или видео не е избришан, односно прекинат, дополнителниот апел кон тие кои се вклучени во живо даде и некој од присутните каде приоѓа и на англиски јазик културно се обраќа со „No live“, тие на тоа одговараат „Ok“ но тој пренос веќе 3 часа и повеќе воопшто не е прекинат, додека врз преносот се слушаат и новинари од балканот, со разбирлив јазик и акцент за наши простори.
– Иако Владата ја изрази својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај нашите континуирани апели за почитување на етичкото новинарство, денес ја преминаа секоја граница на хуманост и достоинство во известувањето за трагичниот погреб во Кочани и уште вршат директен пренос и пренесуваат траорни фотографии од настаните.
Во соопштението се вели уште дека Владата повикува медиумите да ги отстранат материјалите од погребот на жртвите и да не ги шират!
Дополнително и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги повикува медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани.
При пренесувањето на информациите, вклучително и преку социјалните мрежи, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да им се дозволи достоинствено да се збогуваат со саканите.
Медиумите не треба да објавуваат фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и треба да ги почитуваат приватните моменти за дополнително да не ја зголемуваат болката на ужалените, велат од АВМУ.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Кичево1 денУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Кичево5 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (24 октомври)
-
Хороскоп20 часаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Македонија22 часаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија1 денВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија1 денАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди1 ден„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
