Кичево
Утре следните кичевски села ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 24.03 – понеделник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве слеа од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | Чeлопеци | с.Орланци, с.Речани, с.Крушица, с.Светорача, с.Дупјани с.Козичино и с.Патеец | 24.03.2025 08:55 | 24.03.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
-
Кичево2 дена
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Автомобили2 дена
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Македонија2 дена
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Магазин2 дена
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос