Магазин
Apple-1 продаден за цело богатство

Apple-1, кој сè уште е функционален, беше продаден на аукција за исклучително висока цена.
Apple-1 беше првиот компјутер создаден од Стив Џобс и Стив Возниак и го означи почетокот на Apple. Многу е ретко да се најде Apple-1 денес, особено оној кој сè уште работи. Неодамна, еден таков примерок беше продаден на аукција за дури 375.000 долари.
Fully functional Apple-1 Computer sells for $375,000 at auction pic.twitter.com/p7y5dauHrK
— Michael Nguyen (@MacMike1000) March 22, 2025
Историски компјутер
RR Auction ја потврди успешната продажба на овој историски и целосно функционален Apple-1 компјутер. Компјутерот беше внимателно реставриран од Кори Коен, експерт за стари уреди на Apple, пренесува 9to5Mac. Оваа конкретна единица е запишана како број 91 на официјалната листа на компјутери Apple-1.
Apple-1 што беше продаден на аукција беше оценет како „извонреден“, со оценка 8 од 10, благодарение на неговата многу добра состојба и јасно видливи ознаки на електронските компоненти. Компјутерот доаѓа и со оригинален прирачник со рачно напишани белешки, во кои се споменуваат Стив Џобс, Стив Возниак и Даниел Кетке – што дополнително ја зголеми вредноста на предметот.
„Да се поседува Apple-1 значи повеќе од само поседување компјутер; тоа е дел од историјата – директна врска со визијата на Џобс, Возниак и пионерскиот тим што го промени светот на технологијата“, рече Боби Ливингстон, извршен потпретседател на RR Auction.
Аукцијата вклучува и други предмети
Покрај Apple-1, на аукцијата насловена “Steve Jobs and the Apple Revolution” беа вклучени и следниве интересни ставки:
- Чек од Apple Computer Co. број 5 од 1976 година, потпишан од Стив Џобс – продаден за 112.054 долари.
- Редок, запечатен iPhone од првата генерација со 4GB меморија – продаден за 87.514 долари.
- Друг чек од 1976 година со потпис на Џобс – продаден за 62.500 долари.
- Компјутер Apple Lisa со рани системи на флопи диск – продаден за 56.818 долари.
Неколку предмети, вклучувајќи ги и прототиповите на првите визит-картички на Macintosh и Стив Џобс, сè уште се достапни на аукција. Повеќе информации можете да најдете на официјалната веб-страница на RR Auction.
Извор: B92
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија23 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија23 часа
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет6 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди