Македонија
Вчера 76 лица управувале возила без возачка дозвола, МВР со извештај за сообраќајните контроли низ Македонија

Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (26.03.2025) полициските службеници издале вкупно 736 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на оваа бројка, а по основ на неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа регистрирани 219, односно 109 прекршоци. Покрај ова, за возење без возачка дозвола регистрирани беа 76 возачи, потоа 53 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас, петмина за неносење на заштитна кацига, а пак 16 за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките показатели, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во 11 случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и седум пешаци.
По основ пак на Законот за возила дури 56 возила биле отстранети од сообраќај и тоа 40 заради техничка неисправност, а 16 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, информираат од МВР.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје12 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Временска прогноза20 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд