Македонија
(ФОТО) СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби

СВР Охрид со кампања за заштита на граѓаните и туристите од кражби
Отсекот за превенција при СВР Охрид, деновиве спроведува превентивно едукативни активности со цел, заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.
Полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, остваруваат кратки средби со граѓани и туристите кои престојуваат во Охрид и ги посетуваат туристичките комплекси на подрачјето и, низ кратки разговори, ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби.
Притоа, прецизно им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните и туристите, им се делат едукативни флаери со низа практични совети, со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и зголемување на нивната безбедносна култура.
Оваа проектна активност е во рамките на концептот „Полициско работење во заедницата“, кое подразбира градење посилен партнерски однос помеѓу полицијата и граѓаните во спречување, намалување, откривање и решавање на безбедносните проблеми и предизвици, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59) од Крива Паланка, затоа што на магистралниот пат село Жидилово – Крива Паланка на патничко моторно возило „фиат панда“ врзал куче и го влечел.
По целосно документирање на случајот, против З.М. поднесена е соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Регионалнот пат Македонски Брод – Скопје утрово затворен за сообраќај поради настанатата ситуација со пожарите во НП „Јасен“

ЦУК утрово известува дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Македонија
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.
По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 август)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (15 август)
-
Македонија2 дена
Возач во Македонска Каменица, управувајќи возило под дејство на алкохол удрил малолетничка и го напуштил местото
-
Временска прогноза1 ден
Сончево и топло, локално можна дестабилизација на времето проследена со краткотраен пороен дожд
-
Спорт2 дена
Македонската фудбалска репрезентација во Чешка ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија во рамки на ФИФА терминот
-
Македонија18 часа
МВР поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
На денешен ден1 ден
Времеплов: На денешен ден: 14 август
-
Свет24 часа
„Етериумот“ бележи значителен раст, ентузијазмот на инвеститорите се зголемува