Скопје
Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради најавен протест, следните улици треба да се одбегнуваат

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (01.05.2025) со почеток во 11.00 часот поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на РМ.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, известува МВР.
Скопје
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 јули)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Магазин2 дена
YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори
-
Lifestyle2 дена
Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани
-
Lifestyle2 дена
Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи
-
Автомобили14 часа
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците