Македонија
Во Штип експлодирала плинска боца во стан, од силината на експлозијата врата и прозорец паднале директно на паркирано возило

На 23.05.2025 во 11.43 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип настанала експлозија од плинска боца во стан сопственост на П.Р. (70), при што од притисокот врата и прозорец биле исфрлени од станот и паднале врз паркирано патничко возило „југо“.
– Од експлозијата сопственичката се здобила со повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, известуваат од МВР во дневниот билтен за јавноста.
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза9 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија16 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт6 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје20 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Lifestyle4 часа
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови