Хроника
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.
Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според наши неофицијални информации, тешко повредениот жител и работник од Кина им подлегнал на повредите по што починал.
Хроника
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени

Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот над Балатилиска Река. Според првичните податоци, во несреќата има жртви, како и повеќе повредени лица, информира 4NEWS.mk.
На самото место веднаш интервенирале екипи на Брза помош со две возила, противпожарната служба од ТППЕ-Штип, како и полициски екипи од штипската станица.
Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да објави дополнителни детали за причините и последиците од трагичниот настан.
Хроника
Трагедија во Кавадарци: Млад жител од Кина додека извршувал работни задачи во фабрика бил удрен од кран, починал на самото место

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, извести МВР.
Хроника
Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, извести МВР.
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза1 ден
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Здравје и убавина1 ден
Единствен рецепт за појак имунитет
-
Скопје6 часа
(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога