Спорт
Трајковски ја запечати судбината на Казахстан и донесе голема победа на Македонија. Во септември на градски го дочекуваме Лихтенштајн кој на гости го победивме 0:3

Репрезентацијата на Македонија ја забележа својата втора победа во квалификациите за Светското првенство 2026, совладувајќи го Казахстан со 0:1 во четвртото коло. Со оваа победа, македонската репрезентација се искачи на првото место во „групата Ј“, со еден бод повеќе од Велс, кој има одиграно еден натпревар помалку.
– Првото полувреме мина во изедначена борба, но нашите успеаја да го искористат својот момент. Во 33-тата минута, по една несигурна одбрана на Казахстан, топката дојде до Александар Трајковски, кој со прецизен волеј го постигна единствениот гол на натпреварот. Ова беше негов 23-ти погодок во дресот на националниот тим.
Во вториот дел, Казахстан беше поактивен и создаде неколку одлични шанси, но не успеа да постигне израмнувачки гол.
Во шестото коло, на 7-ми септември Македонија ќе игра на домашен терен против Лихтенштајн. Претходно помеѓу овие две селекции се одигра натпревар во гости каде нашите момци го добија со 0:3, стрелци на головите беа Трајковски, Муслиу и Миовски, додека во петтото коло нашата репрезентација е слободна.
Првопласираната репрезентација оди директно на Мундијалот, додека второпласираната ќе игра бараж за место на светската смотра.
Резултати од група Ј:
Казахстан – Македонија 0:1
Белгија – Велс (се игра од 20:45)
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека составот на Казахстан, во натпревар што може да биде клучен за продолжување на позитивната резултатска серија.
Еден од хероите од ремито против Белгија, голманот Столе Димитриевски, изрази очекување за силна поддршка од публиката и истакна дека тимот е целосно фокусиран на триумф.
– „Нашата цел е јасна – излегуваме на терен по победа. Очекувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни дадат дополнителна енергија. Иако разликата меѓу Белгија и Казахстан е очигледна, тоа не значи дека мечот ќе биде лесен. Со помошта на нашата публика верувам дека ќе стигнеме до посакуваниот резултат, а тоа е победа за Македонија“, изјави Димитриевски на прес-конференцијата пред вечерашниот дуел.
Да ја бодриме нашата репрезентација!
-
Lifestyle1 ден
Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher
-
Хроника1 ден
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!
-
Спорт2 дена
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (15 октомври)
-
Временска прогноза8 часа
Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести