Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец.
– Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.
Поради јужното и југозападното воздушно струење, во петок (22 август) над Македонија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.
За време на викендот (сабота и недела 23/24 август) поради продор на посвежа воздушна маса од север температурите позначително ќе се намалат а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Исто така за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Се чини полека летните горештини попуштаат, денес повторно нестабилно си повремен пороен дожд во попладневните часови

Денес (понеделник 18 август) ни следува ново невреме во повеќе делови од Република Македонија. Државата ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина.
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во поголем дел од Македонија. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со локална појава на град.
Во Скопје и околината денес (понеделник 18 август) времето ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.
Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Попоски: Се чини дека летните горештини за ова лето 2025-то завршуваат. Европа се лади, а топлината од Африка полека ќе се повлекува кон Југ. Апелирам поради многу нестабилното време, во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност. Односно, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека траат електричните празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени, заврши Славчо Попоски.
Временска прогноза
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север, утре попладне (недела 17 август), потоа во понеделник (18 август) на многу места во Република Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со силен ветер и со појава на град.
И во Скопје и околината утре (недела 17 август) во попладневните часови, а особено во понеделник (18 август) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер и со појава на град.
Попоски, апелира во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.
Утре (недела 17 август) температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 35 степени, а во понеделник (18 август) таа ќе биде малку пониска и ќе се искачува во интервалот од 25 до 33 степени, информираше Славчо Попоски од метеоаларм.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (20 август)
-
Кичево23 часа
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Македонија2 дена
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Кичево18 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура2 дена
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Lifestyle2 дена
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
-
Временска прогноза1 ден
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно