Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
Спорт
(ВИДЕО) Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација и фудбалер на „Ал Наср“ официјално најдобар на сите времиња!

Кристијано Роналдо, капитенот на португалската репрезентација и член на Ал Наср, доби уште едно големо признание. На свеченоста што ја организираше Португалската лига, му беше врачена наградата за „најдобар фудбалер на сите времиња“.
Во образложението се истакнува дека Роналдо е „незаменлива фигура во спортот и идол за милиони, па дури и милијарди луѓе“, како и дека „оставил неизбришлив белег и обележал цела ера во светскиот фудбал“.
– „Неговата работна етика, борбеност и решителност во клучни моменти го прават повеќе од играч со бројки. Со индивидуалните рекорди, трофеи со тимовите и огромното медиумско влијание, тој создаде наследство што го става на врвот – како најголем на сите времиња“, беше наведено во образложението.
Поради обврски со клубот, Роналдо не присуствуваше лично на церемонијата, но ТУКА испрати видео порака:
„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи, без кои немаше да го освојам овој значаен трофеј. Исто така, сум благодарен на сите тренери и луѓе кои ми помогнаа во текот на кариерата постојано да се усовршувам.“
Роналдо го држи рекордот за најмногу настапи и голови за национален тим. Пред само два дена, во триумфот на Португалија против Унгарија (2:3), тој го одигра својот 223-ти натпревар и го постигна 141-виот погодок за репрезентацијата.
Од своите почетоци во Андориња, преку Насионал, Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, до Ал Наср, Роналдо има одиграно 1.065 натпревари и постигнато 802 гола на клупско ниво. Освоил вкупно 31 трофеј, од кои три со Португалија, и повеќе од 60 индивидуални признанија.
Единствената недостижна цел останува светската титула со националниот тим, а последната можност за тоа 40-годишниот ас ќе ја има на Светското првенство во 2026 година.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (13 септември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Спорт2 часа
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Свет2 дена
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес
-
Автомобили2 дена
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“
-
Спорт22 часа
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“