Магазин
Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите за да го лансираат првиот фитнес подкаст во Македонија – „Pakigram Podcast“, кој има за цел да ја редефинира домашната фитнес сцена и да внесе нова енергија, мотивација и знаење меѓу љубителите на здравиот живот.
Премиерата е закажана за токму вечер (вторник), 1-ви јули, во 20:00 часот на официјалниот „YouTube“ канал, каде можете слободно да го проследите линкот подолу воедно и да се претплатите на истиот:
Инаку, подкастот ќе донесува ексклузивни разговори со домашни и регионални фитнес тренери, спортисти, нутриционисти, како и инспиративни приказни од луѓе кои го промениле својот живот преку спорт и дисциплина. Ќе се обработуваат теми како што се фитнес трендови, исхрана, ментално здравје и лична мотивација – сето тоа со едноставен пристап.
– Ние како медиум сме особено горди на нашите пријатели бидејќи сме цврсто убедени дека оваа рубрика на подкаст е вистински тренд и токму во ова време на македонската јавност и беше потребно, така да не пропуштајте ја премиерата – нова ера на фитнесот почнува со Pakigram!
/ПР
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
Социјални мрежи
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси

Корисниците во повеќе европски земји, особено во Југоисточна Европа, Турција и Кавказ, се соочуваат со сериозни потешкотии при користење на услугите на „Google“, како што се „Gmail, YouTube, пребарувачот, Google Maps“ и други.
Првичните пријави за проблеми почнаа да се појавуваат на „Downdetector“ и социјалните мрежи од земјите од Југоисточна Европа, а набрзо потоа стигнаа извештаи и од Турција и Кавказкиот регион. За среќа овој проблем се чини дека е веќе надминат и се е вратено во нормала.
Прекини беа забележани во вкупно 24 држави, меѓу кои Македонија, Србија, Турција, Грција, Бугарија и Романија. Сепак и во САД и Западна Европа се регистрирани помали потешкотии.
Причината за прекинот засега останува непозната, а од Google сè уште нема официјален коментар.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет11 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Временска прогноза12 часа
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд