Македонија
МВР: Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје. Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце, истакна МВР.
Македонија
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05:00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце. На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и ПП возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со ПП возила на ДЗС, известува ЦУК.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен, предмалку известија на нивната фејсбук страница.
🔥 ВКУПНО ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: 12
• Активни: 4
• Локализиран: 1
• Изгаснати: 7
⸻
🔴 АКТИВНИ (4):
1️⃣ Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума)
2️⃣ Опш. Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки)
3️⃣ Опш. Чашка: под Солунска глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар)
4️⃣ Опш. Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација)
🟡 ПОД КОНТРОЛА: – / –
🟢 ЛОКАЛИЗИРАНИ (1):
✅ Опш. Делчево: Градска депонија Делчево (депонија)
ИЗГАСНАТИ (7):
1️⃣ Опш. Сарај: с. Љубин (ниска вегетација и борова шума)
2️⃣ Опш. Ѓорче Петров: н. Даме Груев, покрај р. Лепенец (ниска вегетација)
3️⃣ Опш. Карпош: кај болницата во Бардовци (грмушки и ниска вегетација)
4️⃣ Опш. Прилеп: кај Фабриката Партизанка (ниска вегетација и дрвен праг од железничка пруга)
5️⃣ Опш. Чешиново-Облешево: с. Чешиново (стрниште)
6️⃣ Опш. Куманово 1: ул. Октомвриска револуција кај My market (ѓубре и ниска вегетација)
7️⃣ Опш. Куманово 2: автопат, бензинска пумпа Макпетрол (гуми и ѓубре)
Извор: ЦУК
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Вечерва нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце.
Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите, известуваат од МВР.
Македонија
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И. (30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.
– Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат.
По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.
Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија22 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза1 ден
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Спорт13 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Lifestyle22 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена
-
Lifestyle22 часа
5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?