Скопје
Изменет сообраќаен режим во Скопје, следни четири дена на овие локации
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.
Скопје
ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија, предмалку информираше ЦУК за јавноста.
Скопје
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот
На 30.10.2025 околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, истакна МВР.
Скопје
Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци
На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу 50 граѓани сообраќајот е пренасочен од ул.Френклин Рузвелт до бул.8ми Септември во двата правци не се одвива сообраќај, известува АМСМ.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (15 ноември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје21 часЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт1 денДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза21 часОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Спорт2 денаФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
-
Спорт2 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
