Хроника
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице

Утрово, околу 08:20ч во кичевско на локалниот пат Мамудовци-Црвивци, во близина на бензинска станица, се случила тешка сообраќајна несреќа каде според информациите од терен, животот го загуби едно повозрасно лице од локалните села, управувајќи пмв. „Волво“, најверојатно изгубил контрола од коловоз и излетал.
Екипи на Медицинска помош и ОВР Кичево веднаш излегле на терен, а поради комплексноста на случената сообраќајка на интервенција веднаш биле повикани и ТППЕ Кичево.
Повеќе информации очекуваме во билтенот за медиуми од СВР Охрид.
Апел за поголемо внимание во патниот сообраќај.
Хроника
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени

Во утринските часови се случила тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе што превезувало работници излетало од мостот над Балатилиска Река. Според првичните податоци, во несреќата има жртви, како и повеќе повредени лица, информира 4NEWS.mk.
На самото место веднаш интервенирале екипи на Брза помош со две возила, противпожарната служба од ТППЕ-Штип, како и полициски екипи од штипската станица.
Се очекува во текот на денот Министерството за внатрешни работи да објави дополнителни детали за причините и последиците од трагичниот настан.
Хроника
Трагедија во Кавадарци: Млад жител од Кина додека извршувал работни задачи во фабрика бил удрен од кран, починал на самото место

На 10.09.2025 во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, извести МВР.
Хроника
Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, извести МВР.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт2 дена
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин2 дена
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин2 дена
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Хороскоп59 минути
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Македонија11 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза14 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно