Македонија
Од ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V) изнесува 70,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит, информираше РКЕ.
Македонија
МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност

Денеска министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Ги сретна и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во текот на туристичката сезона.
– Во пикот на летната сезона, кога бројот на туристи и возила е драстично зголемен, МВР презема координирани мерки и динамички го адаптира полициското присуство. Во СВР Охрид веќе функционира засилен состав, преку распоредување на полициски службеници и од други сектори, што придонесува за ефикасна покриеност на целиот регион и зачувување на стабилната безбедносна состојба.
– Во делот на граничното управување, РЦ за ГР Запад бележи континуирано подобрување на оперативната ефикасност. Податоците покажуваат позитивен тренд во откривање кривични дела, подобра организација на протокот на патници и одржување на стабилен ритам на граничниот сообраќај дури и во најоптоварените часови.
Охридското Езеро годинава е покриено со значително повисок степен на полициско присуство.
Обезбедена е поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите, а резултатите од контролните активности покажуваат подобри ефекти од претходните сезони.
Видливоста на полицијата во градското подрачје е исто така засилена. Патролите на велосипед, веќе препознатлив белег на СВР Охрид, придонесуваат за побрзо реагирање, директна комуникација со граѓаните и чувство на поголема сигурност во јавниот простор.
Присуството на српските полициски службеници, како дел од мешовитите патроли и годинава се потврдува како успешна пракса што позитивно влијае врз перцепцијата на безбедност кај туристите. Иако е зголемено присуството и делувањето на сообраќајната полиција, сепак бројот на жртви во сообраќајни незгоди покажува дека безбедноста во сообраќајот бара посистемски пристап, со силен акцент на превентивни, едукативни и инфраструктурни мерки.
Оваа посета потврди нешто што веќе го гледаме низ податоците, односно потврдува дека МВР функционира со зголемена ефикасност, подобра координација и подготвеност да одговори на зголемените предизвици. Резултатите се видливи, а напредокот е реален. Тоа е обврска што продолжуваме да ја исполнуваме професионално, посветено и со јасна цел за создавање побезбедна држава, истакна за јавноста Тошковски.
Македонија
(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата

На градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, за посетителите денес се реализира настанот „До вас, за вас“, а изложи дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи.
Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал и сл.
Кампањата беше од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните можеа да ги следат предвидените активности, кои се одвиваа во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, началникот на РЦ „Запад“ Љупче Спироски, началници и командири од СВР Охрид. Свое учество во реализација на настанот зедоа полициските службеници од СВР Охрид, граничната полиција регионален центар „Запад“, САЕ „Тигар“, ЕСЗ, ЦУК, ДЗС, Капетанија на пристаништа, Црвен крст и територијалната протипожарна еднница од Охрид.
Со голема чест бевме дел од овој настан и направивме сопствена галерија, така што оваа прилика им честитаме на СВР Охрид за комплетната организираност околу настанот
Македонија
Албански државјанин на „Ќафасан“ во документи ставил пари, бил приведен од РЦ Запад

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22).
При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник.
По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!
-
Хроника1 ден
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице
-
Кичево8 часа
(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!
-
Кичево1 ден
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (27 јули)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (28 јули)
-
Lifestyle1 ден
Што се случува со вашето тело ако јадете 2 јајца дневно?
-
Македонија7 часа
МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност