Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
Спорт
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен

Во рамките на трето коло од трета лига запад, нова победа на „ФК Напредок“ на домашен терен над екипата на „ФК Зајас“ со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Младен Котевски во 10-та минута, со еден маестрално прецизен шут од далечина успеа да го совлада гостинскиот голман, а со тоа да донесе огромна победа на домашниот тим, бодови кои значат многу во понатамошното натпреварување и исполнување на сонот.
Спорт
Слот објави лоши вести: Без Леони една година!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе биде надвор од терените приближно една година поради тешка повреда – кинење на предните вкрстени лигаменти на левата нога, соопшти тренерот на клубот, Арне Слот.
Италијанскиот дефанзивец, кој има само 18 години и летово пристигна од Парма, го запиша своето деби за „црвените“ во триумфот над Саутемптон во Лига купот. Сепак, неговиот настап беше прекинат во 81-та минута поради незгоден пад при еден дуел.
– „Ситуацијата е навистина тешка за него. Повредата е сериозна и ќе мора да паузира околу една година. Тешко е да се пронајде нешто позитивно во вакви моменти, но неговата младост е предност – има време и кариера пред себе по закрепнувањето,“ изјави Слот.
Со неговото отсуство, Ливерпул ќе остане само со три природни централни дефанзивци: Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез, барем до отворањето на зимскиот преоден рок.
Во меѓувреме, клубот размислува за можноста во составот за Лигата на шампионите на местото на Леони да биде вклучен крилниот напаѓач Федерико Киеза.
Спорт
Дечињата на „ФК Кичево“ со нов предизвик, меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во конкуренција со реномирани клубови како „Torino, AS Roma, S.S. Lazio, Partizan Belgrade, CSKA Sofia“

Со голема чест и задоволство преку нашиот медиум Ви го најавуваме учеството на нашиот клуб „ФК Кичево“ на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“ во Куманово!
На овој силен турнир ќе настапиме со генерацијата 2014, комбинирана со 2015, во конкуренција со реномирани клубови како Torino, AS Roma, S.S. Lazio, Partizan Belgrade, CSKA Sofia и уште многу академии од цела Европа. 🌍
За нашите фудбалерчиња ова е огромно искуство, можност да се надигруваат со најдобрите и уште еден чекор поблиску до остварување на нивниот сон. Во оваа прилика сакаме да упатиме пофални зборови за управата на овој клуб со кои имаме беспрекорна и плодна соработка, тоа се г-дин Игор и Максим Николаевски, татко и син кои неуморно вложуваат труд и напори дечињата од клубот да одат напред, да се стекнуваат со најразлични нови спортски достигнувања, како клучен фактор за еден здрав фудбалски менталитет.
Напред!
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен
-
Култура2 дена
Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да паѓа
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (28 септември)
-
Македонија7 часа
Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици
-
Хороскоп25 минути
Хороскоп за понеделник (29 септември)