Временска прогноза
Метео мапата за викендов укажува промена на времето, нестабилност, проследена со дожд и засилен ветер?

Викендов (сабота и недела 16/17 август) во Македонија ќе има изолирана попладневна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради атмосферски фронт со поладен воздух на висина, во понеделник (18 август) во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион, особено во понеделник (18 август) во попладневните часови ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски за 3 до 4 степени во споредба од оние температури кои ги имавме изминатите денови, и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје максималната температура ќе се искачува до околу 33/34 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег

Во четврток и во петок (2 и 3 октомври) Македонија но и целиот регион ќе биде зафатен од зимски ладен бран од исток и од североисток, односно од Русија. Ќе дојде до формирање на секундарен циклон над Медитеранот и тој ќе услови да имаме многу обилни врнежи од дожд кои полека ќе преминуваат во снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на првата и посериозна снежна покривка за оваа сезона.
Според она што можам да го кажам во моментов и според најновите излези на прогностичките материјали, на 2 и на 3 октомври снежната граница во Македонија ќе се спушти дури и на помала надморска височина (локално под 1000 метри).
– Снег на 2 и на 3 октомври можеме да очекуваме и во повисоките населени места, па дури и во дел од градовите во западните и во северните предели од Република Македонија.
Следува целосна и детална метео анализа токму околу овој зимски бран во првите денови од месец октомври, утрово истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Толку од топлото време, вистинската есен доаѓа, викендов на највисоските места не е исклучена можноста и за првиот снег за оваа сезона, ова се најновите метео вести

Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува променливо време со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи. Повеќе врнежи ќе имаме за време на викендот како и во почетокот на следната седмица кога во исто време од исток и од североисток кон Македонија ќе продира значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имаме сега.
И во Скопје и околината исто така особено во петок, како и за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни. За време на овој период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, најизразен долж Повардарието.
– За време на оваа серија на влажни воздушни бранови поврзани со циклонот од Џенова, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25/30 литри дожд на метар квадратен. Температурите особено од викендот како и во текот на следната седмица ќе бидат потпросечни за самиот крај на септември и за почетокот на октомври и тие ќе се искачуваат во интервалот само од 13 до 20 степени.
Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени.
– Да напоменам, вистинската есен доаѓа во Македонија која ќе ни донесе многу пониски температури на воздухот и чести, повремено и обилни врнежи од дожд. Што се однесува до викендов како и во текот на следната седмица не се искалучува можноста на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) да ги имаме и првите врнежи од снег за оваа сезона – потенцираше Славчо Попоски, еден од најдобрите метеоролози во државата.
Временска прогноза
Ведро и сончево, од четврток следи промена на времето, каде ќе биде застапено поголемо наоблачување

Во Македонија и понатаму останува да биде под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок). Токму ова услови денешното утро (понеделник 22 септември) на наша територија да биде ведро и сончево без никаква облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.
Денешното утро и понатаму е посвежо, но со повисоки минимални температури за разлика од изминатите утрини.
Имено, до 25 септември (четврток) во Македонија времето ќе биде без промени, односно останува стабилно и сончево со постепено зголемување на облачноста од среда попладне и навечер (24 септември). Наутро останува малку посвежо времето а преку ден ќе биде топло со температури кои на повеќе места ќе надминуваат 25 степени или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Повардарието и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.
За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.
Промена на времето со зголемена облачност, поголем пад на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме од четврток (25 септември) попладне и навечер, за Порта.мк информираше Славчо Попоски
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (28 септември)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за понеделник (29 септември)
-
Кичево3 часа
(ВИДЕО) Караванот „Македонијо во срце те носиме“ вчера го исполни кичевскиот плоштад до последно место, незапаметена македонска атмосфера во срцето на градот
-
Временска прогноза8 часа
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег
-
Македонија1 ден
Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици
-
Lifestyle5 часа
Применете ги овие едноставни трикови и облеката ќе мириса долго по перењето
-
Магазин5 часа
Спроведено истражување на 15.000 телефони: Ова се најдоверливите брендови