Хроника
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрил во пешакот К.М.(53) од Украина.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил пренесен во најблиската болница, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Б.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, извести МВР.
Хроника
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи

На 21.08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево, известува Министерството за внатрешни работи.
Од нашиот медиум, упатуваме длабоко сочувство за загубите на дечињата, нека почиваат во мир.
За трагичната информација повеќе вести ТУКА објавија колегите од регионалната Телевизија Ускана:
Хроника
Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т. (52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“, информираше предмалку портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Хроника
ЖАЛНА ВЕСТ: Душко Чифлиганец ја загуби битката за својот живот откако настрада во фатална сообраќајна незгода на мотоциклистичка трка во Чешка

По тешка несреќа што се случила во Чешка, почина Душко Чифлиганец, генерален менаџер на компанијата „Адора“ и син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец. Несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога Душко паднал од висина и се здобил со сериозни повреди на мозокот. По повеќе од 24 часа борба за живот во чешка болница, лекарите, и покрај сите напори, не успеале да го спасат.
Веднаш по инцидентот, семејството отпатувало за Чешка и заедно со лекарите ги разгледувале можностите за лекување. Душко бил во кома и приклучен на апарати за одржување во живот.
Познат по својата страст кон мотори и автомобили, Душко имал освоено повеќе награди во областа на брзинскиот мотоциклизам. Воедно, тој долги години живеел во Дубаи, каде завршил и дел од своето високо образование.
Веста за неговата смрт е потврдена од членови на семејството.
-
Хроника1 ден
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево5 часа
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (22 август)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Македонија22 часа
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Македонија1 ден
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци
-
Спорт1 ден
Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ
-
Временска прогноза1 ден
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд